Сега сите љубители на баунти чоколадата можат да уживаат во овој едноставен баунти колач.
Идеален е кога пристигнуваат ненајавени гости, бидејќи се подготвува за само 10 минути.
Потребни состојки:
За фил:
За глазура:
Начин на подготовка:
Изрендајте го чоколадото и додадете го во млечниот бисквит. Мешајте додека смесата не се соедини. Додадете го млекото и помешајте. Во калап за торта додадете го колачот и распоредете го рамномерно. Притиснете го со рацете за да добиете рамна површина.
Во тенџере ставете пола литар млеко, шеќер и гриз. Мешајте и оставете да се вари. Повремено мешајте за да не изгори млекото. Мешајте додека филот не се згусне. Во зготвениот гриз додадето го кокосот и измешајте.
Филот нанесето го на колачот. Откако ќе се излади додадете ја глазурата која ја направивте од слатка павлака, црно чоколадо и путер.
И за крај, оставете го да се излади.

- 300 гр млечен бисквит
- 200 гр црно чоколадо
- 100 мл млеко
За фил:
- 500 мл млеко
- 80 гр гриз
- 100 гр шеќер
- 200 гр кокос
За глазура:
- 100 мл слатка павлака
- 100 гр црно чоколадо
- 40 гр путер