Не се пече: Песок торта готова за 20 минути

Брз рецепт кој ќе ве воодушеви...


Потреби состојки:

  • 1 литар млеко
  • 4 пудинзи од ванила
  • 330 гр шеќер
  • 1 маргарин
  • 200 гр бисквити
  • 200 гр кокосово брашно
  • 200 гр ореви
  • Шлаг

Подготовка:
Згответе ги 4те пудинзи од ванила, но не според упатсвото на кесичката, туку со еден литар млеко. Кога пудингот ќе се излади додадете го маргаринот изматен со шеќер. Смесата поделете ја на три дела. Во едниот дел додадете го кокосовото брашно, во другиот оревите, а во третиот бисквитите. Треба да се додат толку состојки колку пудингот да биде доволно цврст за да може да се мачка. Во соодветен калап за торта најпрво ставете го филот со бисквитите, после филот со кокосот и на крај филот со оревите. За крај, изматете го шлагот и украсете ја тората.

Добар апетит!
Живот и Стил

Портал за подобар, поздрав и посреќен живот💜💫

Следен Претходен