Брзо се подготвуваат: 3 рецепти за домашен џем за жените кои одат на работа

Летото првенствено носи свежо, сочно и зрело овошје. Зарем не би било убаво да го задржите вкусот на летото што подолго?


Затоа, ние ви предлагаме да ги направите овие вкусни домашни џемови кои ќе ве потсетат на вкусот на летото, за време на есенските и зимските денови.

Во продолжение, ви претставуваме егзотични рецепти за вкусни џемови кои ќе ги подготвите за само неколку минути.

Џем од боровинки со мајчина душица



Љубителите на вистински вкусови со сигурност ќе го засакаат овој џем од боровинки.. со мајчина душица

Потребни состојки: 
500 гр боровинки
Џем фикс (средство за конзервирање)
свежа мајчина душица
150 гр шеќер
Начин на подготовка:
За почеток, ставете го измиеното овошје во тенџере, додадето го средството за конзервирање и постојано мешајте. Потоа, отстранете ги листовите од мајчина душица и додадете го овошјето, заедно со шеќер. Варете ја оваа смеса со капак околу 2-3 минути, потоа тргнете го од оган. За крај, смесата додадете ја во тегли.

Џем од јагоди и рабарбара со цимет


За луѓето кои сакаат кисело-сладок вкус, имаме нешто посебно. Комбинацијата од рабарбара со јагоди ќе создаде совршен летен и свеж вкус на кој нема да можете да одолеете!

Потребни состојки: 
600 гр јагоди
400 гр рабарбара
Џем фикс (средство за конзервирање)
Шеќер за желе смеса
4 лажици цимет
Начин на подготовка:
За да го подготвите овој џем, излупете ја рабарбарата и исечете ја на парчиња (околу 1 см). Потоа, гответе ја со додавање на цимет околу 15 минути во тенџере со длабоко дно, а потоа оставете да се излади. Следно подгответе ги  јагодите - измијте ги, отстранете ги ливчињата, исечете ги на четвртини и измешајте ги со рабарбарата.
Во овошната мешавина додадете го шеќерот и средството за конзервирање и загрејте ја смесата, постојано мешајќи, додека смесата не стане хомогена. Овошната смеса се готви околу 3 минути, и за крај целата смеса се истура во врелите тегли.

Џем од портокали и моркови со Кардамон 


Можеби мислите дека џем со зеленчук нема да биде вкусен... Ништо не може да биде погрешно!

Потребни состојки: 
300 гр моркови
600 гр портокали
Кора од еден портокал
Џем фикс (средство за конзервирање)
Сок исцеден од еден портокал
5 семки од кардамон
250 гр шеќер
50 ml вода
Начин на подготовка:
За да го подготвите овој џем, излупете ги морковите и исечете ги на тенки парчиња. Потоа, додадете ги во вода и сокот од портокали, и гответе со капак околу 20 минути. Кога морковите ќе омекнат, изматете ги со миксер. Во готовата смеса, додадете ги излупените и исецканите портокали, ренданиот кардамон и се заедно измешајте. Кога се совршено ќе се соедини, додадете го средството за конзервирање на тивок оган и постојано мешајте. За крај, додадете го шеќерот и гответе повторно околу 3 минути. Готовиот џем ќе ве изненади со извонредниот вкус.


Живот и Стил

Портал за подобар, поздрав и посреќен живот💜💫

Следен Претходен