Отстранете ги што е можно побрзо: Овие 4 работи ви носат несреќа во домот

Имате ли чувство дека понекогаш ве следи несреќа? Можеби решението на проблемите се крие во вашето место на живеење.


Според многу верувања низ светот, постојат предмети, како и позиции во куќата, кои можат да привлечат многу негативна енергија. Па затоа, доколку чувствувате дека не можете да се решите од негативната енергија, тогаш немате што да изгубите ако се обидете да ги исфрлите од овие 4 предмети од вашиот дом.

Огледало свртено кон креветот
Се верува дека огледалото кое е поставено кон креветот, може да предизвика проблеми на љубовно поле, бидејќи негативната енергија ја насочува кон здравиот и квалитетен однос. Ако во последно време се карате со вашиот партнер и имате огледало кое е насочено кон креветот, отргнете го од ѕидот и видете што ќе се случи. Има големи шанси проблемите магично да ги снема.

Црна врата
Бојата на врата има големо влијание на видот на енергија која “влегува” во вашиот дом, заедно со вас. Црната влезна врата внесува негативна енергија секогаш кога ќе влезете во вашата куќа. Ако веќе имате црна врата и чувствувате дека постојано да ве следи негативна енергија, тогаш обојте ја вратата во друга боја.

Предмети со остри рабови или кактуси
Кога се во прашање острите предмети, како и растенијата со боцки, добро е да знаете дека создаваат непосакувана негативна енергија во вашиот дом. Ви препорачувамеда не купувате кактуси, ниту предмети со остри рабови, ако веќе ги имате отстранете ги одредено време од вашиот дом и набљудувајте дали има некоја промена.

Слики на бродоломи
Сликите на бродоломите имаат потенцијал да предизвикуваат внатрешен немир, кој може да влијае на односите кај оние кој делат ист дом и расположение. Ако имате таква слика во вашиот дом, а во себе чувствувате внатрешен немир, тогаш веднаш ослободете се од сликата. Ќе чувствувате олеснување.

Живот и Стил

Портал за подобар, поздрав и посреќен живот💜💫

Следен Претходен