Во животот ништо не се случува без причина: 5 факти кои го докажуваат тоа!

„Верувам дека ништо на овој свет не се случува без причина. Луѓето се менуваат, за да ни биде полесно да ги пуштиме да си заминат. Кога сè ќе тргне наопаку, ние учиме да го цениме животот повеќе“, вели Мерилин Монро

фото: Unsplash.com
Во животот, сè се случува со причина. Сите ние ја имаме ја имаме слушнато оваа реченица или слична на неа, а нејзе најубаво ја има опишано познатиот филозоф Аристотел пред неколку илјади години. За него, во животот секогаш постоеле само две константи. Универзумот постојано се менува. Секогаш се развива, а тоа што денес е точно не мора утре да се смета за вистина.

Аристотел верувал дека работите во  животот, нас ни се случуваат поради некоја причина, па дури и ако нивното значење во тој момент не било објаснето.

За секоја одлука која ќе ја донесеме, како и за се низ што проаѓаме, секоја особа која ќе дојде во нашиот живот и сите кои ќе не напуштат, за апсолутно сé, постои некоја причина. Сè што ни случува, влијае на сопствениот развојот и од секоја ситуација учиме нешто ново.

Вистината е дека без оглед како се обидуваме да преземеме контрола врз нашите животи и влијаеме врз некои случувања, некои работи едноставно не можеме да ги контролираме.

Психијатарот Ралф Левис го објасни тоа на овој начин:
„За време на мојата психијатриска пракса, повеќе пати забележав колку таквото размислување има силна моќ околу мотивирањето луѓе, но тој ефект може да биде и позитивен и негативен: може да ја зајакне одлучноста на некои личности или па да доведе до разочарување од сопствениот живот.
Оние кои веруваат дека се родени со недостаток на среќа, наместо да веруваат дека лошите животни околности им се случуваат за да научат нешто од нив, тие реагираат на негативните работи со очајување и прашувајќи се зошто им се случуваат вакви работи.

Ставот дека сè се случува со причина им помага на луѓето да ги пребродат тешките времиња.

Одредени работи се предизвикани од сопствените грешки и лошите проценки, но на некои случувања едноставно немаме моќ да влијаеме, со ова се согласуваат и психолозите и науката.

Работите кои не се под наша контрола се случуваат поради некои од следниве причини:

Ни дозволуваат да продолжиме понатаму и да напредуваме
Кога некои работи не одат така како што сме замислиле, ние почнуваме да жалиме, но тоа е сосема нормално, бидејќи сите ние сме луѓе. Кога ќе доживееме загуба, разочарани сме и тешко се опоравуваме.

Кога ќе ја прифатите реалноста, ќе сфатите дека таа затвора едно поглавје од вашиот животот и ви овозможува да свртите нова страница, преминувајќи кон нешто ново и подобро. Оваа вера ви овозможува вашите мисли да не бидат преокупирани со она што се случува, туку да продолжите по патот кој води кон подобро.

Ја ублажуваат болката
Понекогаш кога ни се чини дека сме на самото дното, одеднаш во себе пронаоѓаме сила која ни помага да се издигнеме. Верувајќи дека загубата не е бесмислена си даваме себеси можност за заздравување.

Ни даваат шанса да размислиме за животот
Кога се фокусирате на малите чекори кои ги правите, наместо да ја гледате целата патека која треба да ја поминете до целта, полесно ќе одите напред. Еден ден ќе ја достигнете целта, а нема ни да приметите.

Кога ќе се уверите дека се во животот има смисла и дека некои работи се само дел од судбината, си дозволувате себеси да бидете поотворени и да не го гледате светот онаков каков што е сега, туку каков ќе стане во иднина.

Не доведуваат до моменти кои можат да го одредат идниот тек на животот
Ако некогаш сте доживеале моменти на неопсислива јасност, моменти во кои едноставно целиот живот почнува да има смисла, ќе дознаете за што станува збор.

Наместо да се фокусирате на негативните работи, изберете да верувате дека не е залудно сè што се случува. А кога ќе ги доживеете овие моменти на целосна јасност, ќе почувствувате дека тоа е навистина така. Ќе сфатите дека таквото верување навистина има смисла и колку многу сте силни личности.

Не учат на важните животни лекции
На сите ситуации на кои ќе наидеме не учат на важните животни лекции. Понекогаш овие лекции се толку важни, што можат да ги соборат сите стари верувања, правејќи не послободни и подобра верзија за себе.


Погледнете ги и книгите што ќе ви го променат животот
Живот и Стил

Портал за подобар, поздрав и посреќен живот💜💫

Следен Претходен