Викенд кафе со Стефан од бендот Некст Тајм: Работиме периодов на нови песни

Полека но сигурно летото си заминува, а со тоа и летните одмори. Во последните жешки денови, разговараме со фронтмен на бендот, пејачот на познатото македонско дуо „Некст Тајм“ - Стефан Филиповски.



*Стефан, редакцијата на „Живот и Стил” ти посакува топло добредојде во нашата рубрика “Викенд кафе со...”.  Колку тебе ти значи првото утринско викенд кафе?

Првото утринско кафе за мене е рутина, и кога велам рутина тоа значи дека скоро секое сабајле јас сум во кафич додека нема буквално никој да испијам едно или две кафиња, па потоа го фаќам денот и обврските кои што ми ги носи денот.
$ads={1}
*Со која активност го зачинуваш слободното викенд кафе?

Бидејќи чуваме две кучиња морам да ги прошетам секое сабајле, па шетајќи одиме накај Авиончето во Ново Лисиче да пиеме кафе тие таму играат а јас со друштво правиме кафе
муабети.

*Летните одмори завршуваат, дали најде време да се посветиш на себеси?

Ова лето искрено не отидов на море или негде подалеку од Македонија на одмор, но тоа не значи дека не земав да си направам на свој начин да уживам во секој ден слободен. Кога сум послободен возам мотор на подолга дистанца тука во Македонија, одам до Охрид, Крушево Маврово. Едноставно сметав дека не ми е толку потребно морето за да осетам чувство на слобода и среќа.

*Покрај забавна музика се обидовте и со обработка на етно песни, дали ќе продолжите со преработката на стари македонски песни или повторно ќе се вратите на вашиот поранешен стил на музика?

Искрено работиме периодов на нови песни, веќе една е готова и би требало да се објави датум за промоција на истата, таа е нешто поразлична од претходните, но пак буди емоции додека ние самите ја слушаме и веруваме повторно дека ќе понудиме добра обработка. После таа седнуваме да го довршиме албумот каде што ќе бидат претежно песни од Комитското време.

*Дали на настапите често ви бараат стари македонски песни или повеќе забавни?

Бидејќи сме актуелни со последните три обработки нормално е публиката да ги чека тие песни да ги слушне во живо исполнети од нас и нашиот бенд, но ќе ве излажеме доколку ви кажеме дека не се носталгични и према нашата авторска музика, нормално е тоа. Со таа музика пораснавме како музичари, станавме тоа што сме денес и секое време си носеше своја убавина.

*Кое е првото нешто што планираш да го направиш кога сончевите денови ќе бидат далеку од нас?

Да гледам слики од сончевите убави денови:), видете секое време си носи своја убавина така што ја сум човек што ужива во тоа што господ го нуди пред моите очи.

*Кој е твојот омилен концерт кој засекогаш ќе го паметиш?

Whitesnake на Скопско Кале , One republic во Скопје, а ако мислевте на Некст Тајм секако тоа е 2009 во Универзална сала во Скопје и сите настапи што минатата година се случуваа на One love tour во Македонија и Бугарија.


*Која е твојата омилена викенд дестинација?

Искрен да бидам, обожавам да бидам преку винед на сцена, е тоа е мојата омилена дестинација.

*Дали го планираш викендот и што најмногу сакаш да правиш?

Знам да договорам доколку сакам да возам мотор надвор од Скопје но сето тоа го правам  во 5 за 12:)

*За крај, твоја препорака и формула за добро поминат и незаборавен викенд?

Стефан нема поседна формула, најдобрата формула е таа што гради добра конекција, а таа е добро друштво ;)

Како за крај на ова интервју, слушнете ја последната песна на бендот „Некст Тајм“, која има над 2 милиони прегледи.

Живот и Стил

Портал за подобар, поздрав и посреќен живот💜💫

Следен Претходен