Колку време му е потребно на еден пар да се заљуби еден во друг?

Ако се прашувате колку време му е потребно на еден пар да се заљуби еден во друг, псхилогот Артур Арун одговара дека се потребни само четири минути.


Во 1997 година, психолог од Њујорк спровел студија во која двајца странци морале да си одговараат на 36 претходно подготвени прашања. Потоа, требало четири минути да се гледаат во очи. Дали успеале да се заљубат еден во друг? Да! Не само што се вљубиле еден во друг, туку се венчале после шест месеци.

Теоријата на Артур Арун е прегледана и документирана на YouTube. Студијата ги повикала странците да се гледаат четири минути во очи. Како реагирале? Проверете во видеото подолу!

Овие четири минути, прикажани во филмот, градат врска. Ги откриваме нашите чувства кон личноста што седи спроти нас. Тоа прави во нас, да чувствуваме емоции кои водат кон интерес за заљубување. Таквото интимно искуство може да пробуди страст и желба. Главната идеја е две лица да се отворат и да добијат желба за почнување врска.

Сепак, клучниот предуслов за заљубување се одговорите на 36-те прашања. Дознаваме многу работи за странецот кој седи спроти нас, кои не можеме да ги дознаеме дури и по неколку годишна врска. Прашањата се однесуваат на сите сфери од животот од прашања за семејството до омилената тв-програма.
Поминаа 20 години од истражувањето на Артур Арун, но тоа не го менува фактот дека паровите кои ја тестираат оваа теорија за заљубување од четири минути, навистина функционира.

Ако сте во долга врска, пробајте го овој тест со вашиот партнер. Можете да дознаете нешто ново за него, што досега не сте го знаеле. Тоа е добар начин не само за да ги пробудите чувствата, дури и да ги освежите емоциите и романтиката. Во секојдневниот живот, честопати забораваме колку е важен разговорот. Затоа вреди да одвоиме време, за да се обидеме да ги одговориме прашањата кои ги препреми Артур Арон.

Погледнете го ова интересно видео, кое ја докажува теоријата дека е потребно само четири минути за заљубување:

Живот и Стил

Портал за подобар, поздрав и посреќен живот💜💫

Следен Претходен