Книги што ќе ви го променат животот

Книгите имаат некоја магија која нè заробува, со која филмовите едноставно не може ни да се споредат. Најлошото нешто што можете да си го направите е да се ограничите на само неколку прочитани книги.



Оптеретени од секојдневието исполнето со стресови и разнишан биоритам понекогаш сакаме да залутаме во природа и засекогаш да останеме таму.

Иако бараме начин како да го најдеме чувството на мир, она задоволство на постоењето и смислата на нашето постоење, забораваме да погледнеме во суштинскиот избор, поточно во самите себе.

Книгите на Ентони де Мело, Екарт Тол и Исидора Бјелица се вистински четива кои додека ги читаме ќе си повториме: „е ова е тоа што ми требаше“.

Будење – Ентони де Мело

Не обидувај се да ги направиш среќни луѓето, само ќе настрадаш. Не обидувај се да ја научиш свињата да пее - само ќе го загубиш времето, а свињата само ќе грофта.

Будење? Што има толку да се пишува на оваа тема и зошто би го читале тоа? Едноставно станувам од спиење, се расонувам, го пијам утринското кафе и тоа е тоа. Не би рекла така. Јас ја читав книгата првпат пред неколку години кога сè уште бев во сон, притоа не мислам на зимски сон. И откако ја прочитав сфатив дека овој човек напишал една од најголемите вистини за човекот.

Постојат многу спанковци, многу луѓе кои го живеат животот како хипнотизирани, без да се свесни за тоа.

Писателот знаејќи дека такви има во голем број и дека и тие се неговите најбројни читатели им се обраќа со: Разбудете се!!!

Бидете свесни, бидете тоа што сте, не плашете се од своите идеи, не плашете се од она што доаѓа, од непознатото. Тој страв од непознатото е само привиден, ние се плашиме всушност да го загубиме она што ни е познато. Живејте во реалноста, заменете ги своите сништа со факти.

Вие сте тие кои сами треба да се разбудите, не може друг да Ве разбуди. Ќе Ве трансформира книгава, можеби нема сите да се разбудите веднаш кога ќе ја затворите последната страница, но ќе Ве натера да размислувате за убавината на будењето. Сите други знаци на будење, како и карактеристиките на оние кои уште се во сон Антони де Мело нѝ ги дава во својата книга. Тој ги има одговорите на сите Ваши прашања како да се разбудите и свесни да го живеете Вашиот живот, повикувајќи се на зборовите на големиот мудрец и филозоф Сократ, можеби сурово, но сепак ја доловува смислата и значењето на будењето:

Несвесен живот не е вреден да се проживее.

Моќта на сегашниот миг – Екарт Тол



Уште една од најпродаваните книги на, т.н. new age гуру, Екарт Тол.
Користејќи низ книгата форма на прашање - одговор, Тол успева да се спротивстави на сите негодувања пројавени од разумот и егото и да го поведе читателот на духовно патување кон себеспознавањето и свесниот раст.

Имено, зборувајќи нѝ за предностите од присутноста во сегашниот миг, тој всушност нуди еден модус за здрав и духовно исполнет живот на секој поединец. Во ова, како и во другите свои дела, Тол успева да ги урамнотежи речиси сите досега познати религиозни и духовни доктрини премостувајќи ги разликите преку кои тие се конфронтираат, и да ги обедини истите во едно модерно учење. Во ова интермедијарно духовно учење, можат да се препознаат припадниците на сите религии и следбениците на речиси сите спиритуални движења.


Имено, кога е буден, кога е сосема присутен во сегашниот миг, тој не го чувствува времето на проблемите. Но, оној пат кога ќе помисли на лошите искуства кои ги носи од минатото, или на своите очекувања од иднината - товарот е повторно тука! Проектирајќи се во минатите и веќе доживеани, или во идните и секогаш имагинарни ситуации, тој се идентификува со разни разорни емоции, како вина, грижа, страв... Осцилирајќи така постојано меѓу БЕШЕ и ЌЕ БИДЕ, човек е ретко вистински присутен во мигот кој Е.

И иако “сегашноста” е принципот на кој се темели севкупното учење на Тол, тој сепак не ги обезвреднува поимите “минато” и “иднина”. Тој не ја исмева болката која сме ја доживеале во минатото, ниту пак нашите надежи и идеали за иднината. Тој едноставно нè советува да ја напуштиме лошата и длабоко вкоренета во нашата свест навика на опседнување исклучиво со мината болка или далечната иднина.

Напуштајќи ја таа состојба на опсесивност, ние стануваме слободни, исполнети, задоволни... едноставно кажано, ние навистина живееме!
Мирисот на небото – Исидора Бјелица 



Бидејќи добрата пријателка В. ја довела во Ница да се одмори од безбројните терапии и да го прослави роденденот, Исидора уште првиот ден оди во продавницата на Шанел, да помине еден час со чаша шампањско во својата омилена забава: разгледување на новата колекција. И тогаш ја здогледува неа...

Таа не само што ќе и` ја открие шокантната вистина за Коко Шанел туку, пред се`, ќе ја поведе на духовно патуваwе за самооткриваwе кое ќе и` донесе сознание, љубов и емотивно олеснување, како и разделба со сопствените предрасуди и заблуди. Но која е оваа мистериозна дама?

ПО СТАПКИТЕ НА ПАУЛО КОЕЉО, МАЈСТОРОТ НА КНИЖЕВНИТЕ ПАРАБОЛИ ЗА ЧОВЕКОВАТА ДУХОВНА ПОТРАГА, ИСИДОРА БЈЕЛИЦА НАПИШАЛА ФАСЦИНАНТНА ПРИКАЗНА, ИСТОВРЕМЕНО ЗАБАВНА И ПОТРЕСНА, КОЈА ПОТТИКНУВА НА РАЗМИСЛУВАЊЕ И ПРОСВЕТЛУВАЊЕ.

извор: sakamknigi.mk
Живот и Стил

Портал за подобар, поздрав и посреќен живот💜💫

Следен Претходен