Како морето делува на вашето здравје?

Експретите ги потврдија лековитите својства на морето...



Лековитите својства на морето веќе долго време се потврдени, но не само со пливање или одење по песок, туки и од сонцето и воздухот.
Ефикасно е ѝ седењето на брегот гледајќи ги брановите, посочуваат експерти од британско здружение на дерматолози.

Воздухот и мирисот на морето ослободуваат диметил сулфид што има директен ефект врз нашите дишни патишта. Со тоа подобро ќе спиете, бидејќи поради изобилството од негативни јони полесно се апсорбира кислород.
Негативните јони се борат и против слободните радикалии, враќајќи го балансот на хормоните заслужни за среќа и задоволство.
Престојот покрај море го ублажува дерматитисот, односно морската сол и калиум хлорид го забрзуваат процесот на заздравување на кожата, повлекување на егземата, а се препорачува и како лек за синусите, алергиите и настинките.

Благодарение на сонцето, телото ги прима потребните количини на витамин Д, кој делува на коските, мускулите и на имунитетот. Впивањето на сончевите зраци во телото - е најдобриот начин за спречување на остеопороза и намалување на шеќерот во крвта. Колку е поголем процентот на витамин Д, толку е пониско нивото на гликоза.

Сончањето е исто така корисно во спречувањето на срцеви заболувања, а ѝ ги потиснува процесите кои го уништуваат памтењето.


Живот и Стил

Портал за подобар, поздрав и посреќен живот💜💫

Следен Претходен