Викенд кафе со Ивона Јовановиќ: Бидете свои и гласно зборувајте за своите желби

После долгата и напорна недела, конечно дојде викенд. Првото викенд кафе од новата рубрика го пиеме со младата македонска пејачка воедно и позната јутуберка - Ивона Јовановиќ.



* Ивона, редакцијата на “Живот и Стил” ти посакува топло добредојде во оваа наша рубрика “Викенд кафе со...”.   Колку тебе ти значи првото утринско викенд кафе?

Ви благодарам за топлото добредојде. Јас утринско кафе не пијам. Ивона многу ретко пие кафе. Мојата утринска рутина е малку по здрава. Алое, витамини потребни за тој ден, чаша зелен чај и денот може да почне.

* Дали Ивона го планира викендот или дозволува викендот да го води со случајноста?

Има викенди кои ги планирам уште од сега за Октомври секако работно. Но има и викенди каде сум пуштена на случајноста и тоа на крај на денот се и најубави викенди.

* Што најмногу те релаксира за време на викенд?

Тоа е најчесто кога мајка ми е дома и може да седи со мене и да пие утринско, каде дур ја си матам чајчиња и спремам што ќе јадам. Тие утрински разговори, таа свежина.

* Најинспиративен филм /книга...

Што се однесува до филм, документарец Тајната, а книга Во вортексот на остварените желби - Ана Бучевиќ (safari duha).

* Со која македонска позната личност би снимила дует?

Со енергијата на Тамара дефинитивно.

* Кој е најдобриот совет што си го добила во животот и од кого?

Ова можеби прв пат јавно ќе го одговорам и ќе го признам.Од татко ми... Да не верувам на никој.

* Кое е твоето животно мото?

Мојот водич е еден збор. Немам време многу за длабоки реченици. Едноставно е. Упорност.

* Какви луѓе сакаш и што те прави среќна и исполнета?



Сакам исклучиво луѓе со енергија. Среќни и позитивни луѓе кои го будат доброто од мене. Со такви луѓе и сум опкружeна. А ме прави среќна среќата и благосостојабата на моите родители и сакани. Тоа ми е најбитно!

* За крај твоја препорака и формула за добро поминат и незаборавен викенд?

Само правите исклучиво работи кои што сакате да ги правите. Не дозволувајте трета особа да дојде и да ви ги сруши плановите и вие по тие планови да играте. Бидите свои и гласно зборете за своите желби. И ви ветувам незаборавен живот а не само викенд.



Живот и Стил

Портал за подобар, поздрав и посреќен живот💜💫

Следен Претходен