Дали љубовта на далечина е осудена на пропаст?

Помислата за љубов на далечина за многу луѓе значи приказна која однапред е осудена на пропаст, но истражувањата говорат поинаку.


Верувале или не, таквите врски имаат дури 58% шанса за успех. Една студија покажала дека партнерите биле поблиски и по поврзани, во споредба со тие што живеат поблиску, бидејќи поради оддалеченоста подобро се запознаваат еден со друг.

Во истражувањето учествувале 1000 луѓе кои имале емоционална врска на далечина. Дури 81% од учесниците признале дека нивната средба со партнерот била поинтимна и поинтензивна, а 55% од нив рекле дека далечината повеќе ги зближила.

Речиси седум од десет учесници (околу 69%) почесто разговарале со партнерот кога биле одвоени. Осум проценти од нив тврдат дека модерната технологија е заслужна за успехот на нивната врска. Овие парови поминувале околу 8 часови неделно во разговор (обичен или преку видео повик), а за тоа време си размениле околу 343 пораки.

Живот и Стил

Портал за подобар, поздрав и посреќен живот💜💫

Следен Претходен