Кога е вистинско време за вежбање?

Не е се исто во кој период од денот вежбате, доколку сакате да изгубите килограми или вишок масти од организмот - велат научниците од Данска.



Една студија на овие научници покажала дека многу повеќе масти се губат кога вежбате наутро, додека пак во текот на денот или навечер се губат повеќе калории.

Утринското вежбање започнува “програма” во мускулните клетки, што ги прави поефикасни и поспособни за обработување на шеќер и маснотии - објаснува професорот Јонас Трибак од Универзитетот во Копенхаген. Доцниот тренинг ја зголемува потрошената енергија на целото тело за подолг временски период.

По истражувањето се покажало дека утринскиот тренинг има најдобар ефект врз мускулните клетки, додека пак вечерниот му помага на телото да согорува калории долго време, дури и по тренинг.

Живот и Стил

Портал за подобар, поздрав и посреќен живот💜💫

Следен Претходен