10 Причини зошто есента не би ја менувала за ниедно годишно време

Ако ме следите подолго време, сигурно имате забележано дека обожувам дожд, ладни денови и секако, ЕСЕН. Родена сум во есен, но тоа нема никаква врска со мојата љубов кон есента. Таа едноставно ме смирува. Посебно кога есенските дождови и грмотевици се секојдневие.


Посебно кога излегувам со чизми и под тежината ми крцкаат исушените лисја. Посебно кога тој ладен остар воздух ми ги сече градите и ја ослободува насобраната жештина.

Есента не би ја менувала за ниедно годишно време. Посебно не би ја менувала за лето, бидејќи според мене, тоа е најлошото годишно време.

Љубители на летото, не мрштете се, затоа што имам неколку оправдани причини, како што се дехидрација, топлотен удар, препотување без да извршуваш никаква активност, тежок воздух кој те спречува да правиш било што, дехидрација кај уличните кучиња и мачиња  за кои ретко кој ќе помисли дека се жедни и така натаму.

Есента е незаменлива, барем според мене. И не го кажувам ова само колку да кажам нешто. Луѓето кои ме познаваат лично знаат дека сум есенски човек. Знаат дека очите ми светат кога свети небото од грмотевици. Знаат дека дождот ме смирува и инспирира истовремено. Знаат дека сон ми е да се преселам на место каде што врне постојано.

Доколку и вие сте љубители на есента, ова се дополнителни 10 причини кои ќе ви ја зајакнат љубовта кон ова годишно време. А доколку не сте љубители, сигурна сум дека барем со една од овие причини ќе се согласите или пак ќе уживате во фотографиите. Есенските фотографии носат смиреност која обзема. Исто како и самата есен.

1. Неверојатни бои насекаде



2. Удобни есенски алишта


3. Греено вино, какао, топло чоколадо и други топли напитоци


4. Мирисот на печена тиква, јаболки и печени костени


5. Пријатни прошетки, додека под нозе ти крцкаат исушените лисја


6. Празници се ближат (не сум верник, но знам дека многу луѓе уживаат во празниците и ги очекуваат со нетрпение)


7. Дожд, грмотевици, ладен ветер


8. Одлично време за гледање филмови, замоткан во ќебе и со топол чај покрај себе


9. Мачињата и кучињата не страдаат од жештина и болви како за време на летниот период


10. Едноставно, се делува поубаво, посмирено и пореално во есен


Живот и Стил

Портал за подобар, поздрав и посреќен живот💜💫

Следен Претходен