Братучеди кои верувале дека се починати, повторно се обединиле 75 години откако го преживеале холокаустот

Веројатно повеќето од нас поминуваат низ доста потешкотии во текот на својот живот, но мора да признаеме дека скоро ништо не е еднакво на мизеријата донесена од војна во која учествуваат целосно невини луѓе.



И, додека се случиле многу ужасни работи за време на светските војни, геноцидот на Евреите за време на Втората светска војна е сепак една од најстрашните трагедии во историјата на човештвото. Можеби тешко да се поверува, но тоа сè уште ги погодува луѓето до ден денешно време, иако толку години се поминати . За среќа, и покрај тешкотиите од минатото, денешната приказна, е среќен крај барем за двајца мажи и нивните семејства. Двајцата братучеди конечно се запознале откако биле разделени пред 75 години за време на холокаустот.



Морис Сана и Симон Маировиц биле најдобри пријатели како деца, но се растргнале кога нивните семејства избегале од Романија за време на холокаустот.

Морис и Симон биле најдобри пријатели пред нацистите да ја нападнат нивната татковина Романија во 1940 година. Војната ги разделила нивните семејства затоа што решиле да избегаат одвоено. И двајцата братучеди тогаш пораснале верувајќи дека другиот починал во некој концентрационен логор. Но, пред извесно време нивните деца повторно се поврзале со своите долго изгубени роднини на Фејсбук.



Внуката на Морис наишла на ќерката на Симон додека барала роднини на Интернет и дознала само дека Симон е жив и здрав и живее во Велика Британија. Морис престојувал во Рајнана, Израел. Поминало некое време, и тие организирале срдечно обединување за двајцата сега возрасни мажи во Тел Авив, Израел. Еден од роднините дури снимил видео од ова емотивно обединување, оставајќи ги луѓето низ целиот свет во солзи, како и самите Морис и Симон.
И покрај фактот дека и двајцата се во 80-те години (Сана има 87 години, а Маировиц има 85 години), тие планираат да ја одржат врската и да се гледаат меѓу себе, релонструрајќи го пријателството што го имале како деца.




Автор: Вероника Г.
Живот и Стил

Портал за подобар, поздрав и посреќен живот💜💫

Следен Претходен