Според неодамнешно истражување на група научници на Универзитетот Yale, луѓето што читаат книги, го намалуваат ризикот на смртност за цели 20% во период од 12 години, во сопредба со “нечитачите“.
Во истражувањето се вклучени 3,635 лица, поделени во три групи: лица што не читаат, лица што читаат до 3,5 часа неделно и лица што читаат повеќе од 3,5 часа неделно. Испитаниците се на возраст над 50 години.
$ads={1}
Резултатите се зачудувачки: луѓето што читаат книги повеќе од 3,5 часа неделно, живееле речиси 2 години подолго од оние што “книга не отвориле“.
Исходот на истражувањето кое произлегува од повеќе фактори, како што се нивото на образование, приходите, здравствената сосстојба и слично, е следен: исто како и здравиот начин на исхрана или вежбањето, читањето книги дава одредени предности за подолг и поквалитетен живот. Зошто или како, сè уште останува неразјаснето, но се претпоставува дека врската помеѓу читањето книги и продолжениот животен век не е случајна. Можеби се должи на фактот дека читањето книги ја стимулира активноста на мозокот и го развива чувството на емпатија.
Секако, “лошата” вест е дека претходно споменатото повеќе се однесува на читањето книги, а помалку на читање весници и списанија. Што и не мора да е “лоша” вест, имајќи ја во предвид селективноста на менталната структура на читателот, што е вредно (a што помалку вредно) да се прочита.
$ads={2}
Па, да ја испочитуваме “ A chapter a day might keep the Grim Reaper away”.
Со задоволство Ви ги препорачувам “Седумте сестри” од Лусинда Рајли. Серијалот се состои од 5 книги. Шестата се “крчка“. Започнува со приказната на Маја...
Татко – посвоител, мултимилијардер, посвојува шест бебиња (девојчиња) од различни краеви на свтетот и ги именува по ѕвездите од констелацијата “Седумте сестри“. По смртта на таткото посвоител, неговиот адвокат врачува писмо на секоја ќерка (сега веќе возрасни жени) и траги за нивното потекло. Од нив зависи дали ќе го прифатат предизвикот и ќе ги отворат писмата и дали ќе тргнат во потрага по нивните биолошки семејства...
Секоја книга има двојна нарација и без оглед на прилично големиот број на страници, во ниеден момент не е здодевна и до самиот крај успева да го задржи вниманието на читателот.
Уживајте!

Автор: Ивана Стелла