Работи што само книгохоличарите ќе ги разберат

Дали се пронаоѓате во индивидуите во чиј центар на вниманието, повеќе или помалку, се книгите? Доколку одговорот е потврден, со сигурност ќе ги разберете следниве неколку работи...


1 . Осаменост. Читањето книги подразбира одредено ниво на “самотија". Секој книгохоличар повеќе би се определил за  мирно катче, шоља чај и добра книга. Забавите и социјализирањето преминуваат во спореден план.
2 . Ја разбираат уникатноста на книгата. Колку и да е соодветна екранизацијата на една книга, нивниот прв избор е секогаш читањето. Читањето ја предизвикува имагинацијата повеќе од било кој друг медиум.
3 . Мирисот на печатена хартија. Внесува повеќе возбуда во читањето. Читањето на електронските уреди не е она “вистинското”.
4 . Врските што се воспоставуваат преку читањето. Соживувањето со карактерите, па и со самите автори, му дава слобода на читателот да истражува нови места и други времиња.


5 . Емоции. Честопати по завршувањето добра книга, ни се случува да се соживееме до таа мера, што, плачеме, гласно се смееме или пак добиваме желба да напишеме друг крај на книгата онака како што ние сме го замислиле.
6 . Уште едно поглавје... Или подобро кажано, уште една бессона ноќ. Колку пати сме внесени во драмата на некоја кинга и едвај чекаме да ја завршиме и да дознаеме каков е крајот? Многу.
7 . Ја разбираат вистинската вредност на книгата. Сеедно дали тоа значи инвазија на банковната сметка или километри до најблиската библиотека или до пријателите со кои разменуваме книги.


8 . Пријателства со други љубители на книги. “Копање” по тоа што тој или таа прочитале, омилени автори, размена на книги, заедничка опсесија со фиктивни карактери...сето тоа е дел од “исповедите” на книгохоличарите.
9. Книги или луѓе? Првото, се разбира. Книгите се еден вид “терапија” низ стресни периоди и се извор на необична удобност низ зборови. Луѓето....и не  толку.
10. Идеален одмор значи мнооооогу книги. И кога патуваме, транзицијата на мислите во друг свет и други времиња, е добродојдена.
11 . Започнувањето на нова книга може да е “тешко”. Очекувања, возбуда, желби, но....
12 . Завршувањето на книгата може да биде уште “потешко”. Иако понекогаш имаме големи очекувања од некоја книга, крајот неретко знае да биде исцрпувачки и вистинско разочарување. И запомнете, ниеден книгохоличар не сака да  го дознае крајот на книгата од некој друг.


13 . Немаат омилена книга. Листата на прочитани книги е долга и не е лесно да се издвои една. Но, во секое време се подготвени да препорачаат неколку и да дадат комплициран одговор на едноставно прашање.

Од мојата долга листа на омилени книги, би ја издвоила „Јас пред тебе” на Џоџо Мојес, прва од серијалот во три продолженија.


Емотивна приказна за Вил, еден млад, богат, успешен и по малку арогантен човек, кој води доста активен живот сè додека не настрада во сообраќајна несреќа. Останува парализиран и шансите за негово опoравување се минимални, речиси непостоечки.
Свесен за состојбата во која се наоѓа и не можејќи да се помири со својот нов “живот”, единстевн излез гледа во една клиника за асистирани убиства. До закажаниот датум остануваат само неколку месеци....

Во меѓувреме, како негувателка, во неговиот живот се појавува една харизматична, шармантна, позитивна девојка, која ги гледа само убавите страни на животот. Откако Луиза ќе дознае за неговите намери, ќе направи се што е во нејзина можност да му го разубави преостанатиот дел од животот.

Нивните целосно спротивни карактери и сплетот на околнитсти резултираат во една искрена и платонска љубов. Но, дали таа љубов и ветувањето на Луиза за заедничка иднина, ќе бидат доволни да го премислат Вил и да го одвратат од неговата намера? Oткријте сами!

Автор: Ивана Стелла

Живот и Стил

Портал за подобар, поздрав и посреќен живот💜💫

Следен Претходен