Трогателна приказна: Кристијано Роналдо во потрага по жените од Мекдоналдс кои го нахраниле како дете

Фудбалската легенда Кристијано Роналдо уште еднаш докажа дека е доле на земја и сака да им врати на оние кои му помогнале во минатото.



Роналдо откри како пораснал како гладно дете на португалскиот остров Мадеира, каде што порано просел за хамбургери. Една жена по име Идна и уште две други работнички од Мекдоналдс убаво го нахраниле, а фудбалерот бил толку допрен од тоа што сè уште не заборавил на нив. Сега, Роналдо се обврзал да ги пронајде трите жени и да им се заблагодари правилно за се она што го направиле.



За време на интервјуто со англискиот новинар Пирс Морган, 34-годишниот спортист Роналдо открил детали за неговото детство што порано не биле чуени.

Бевме малку гладни. Имаме Мекдоналдс веднаш до стадионот, тропнавме на вратата и прашавме дали имаат хамбургери. Таму беше Идна и уште две девојчиња. Никогаш повеќе не ги најдов“, рекол Роналдо за време на интервјуто.
Ги прашав луѓето во Португалија, и рекоа дека го затвориле Мекдоналдс, но ако ова интервју може да помогне да ги пронајдам, би бил многу среќен“, рекла фудбалската ѕвезда. „Сакам да ги поканам во Торино или во Лисабон да дојдат на вечера со мене затоа што сакам да им вратам нешто.“ Подоцна, Морган на Твитер објавила дека „можеби ја пронашле Идна“.



За време на интервјуто на Роналдо, бил прикажан видео клип од неговиот покоен татко, снимен една година пред да почине, во 2004 година. Роналдо бил толку трогнат од видеото што се расплакал. Неговиот татко Динис починал на само 52 години, поради состојба на црниот дроб поврзана со алкохол.


Автор: В.Г
Живот и Стил

Портал за подобар, поздрав и посреќен живот💜💫

Следен Претходен