Писмо кое секоја жена треба да го прочита: Ти си важна...

Вие сте важни. Ако никој не ви го кажал тоа денес, го читате сега. Вашите мислења се важни. Важен е начинот на којшто го гледате светот, важни се зборовите кои ги чувате за себе бидејќи се плашите од туѓото мислење. Вашиот глас е важен.



Твоите чувства се важни. Не си нереална, луда, ниту наивна. Твоите чувства си токму ти. Тие се твојата длабочина.

Твоите мисли се важни. Важни се гласовите во твојата глава. Малите луди работи кои ти минуваат низ главата пред да заспиеш. Дури, важни се и работите на кои во тајност размислуваш, бидејќи премногу ти е непријатно да ги кажеш некому. Твојот ум е важен.

Твоето срце е важно. Важно е она за кое си страсна. Се она што те води е важно, без разлика што опшеството мисли за тоа, или пријателите или па семејството. Твојата страст е твојот повик, и тој повик е важен без разлика за што се работи.

Твоите сонови се важни. Тие не се невозможни, не се детинести, ниту неамбициозни и не се за секого. Твојата визија е важна. Важен е начинот на кој сакаш да живееш. Дури и ако соништата се луди, твојата лудост е важна.

Твојот пат е важен. Тргни по патот што го сакаш, вози го автомобилот кој го одбра, вози на начин на кој уживаш и слободно исфрли ги сите несакани патници. Твојот пат е важен, важна е твојата насока.

Твоите проблеми се важни. Пречките со кои се соочуваш ја градат твојата сила. Сите солзи ќе ја измијат целата негатива. Твоите солзи се важни, дури и твојата темнина е важна.

Твојата среќа е важна. Дури, и дталите што ги откриваш со радост се важни. Едноставните работи на кои се смееш. Важни се и моментите кои го одземаат здивот. Треба да ги бараш, и треба да ги најдеш. Твојата насмевка е важна.

Твоето постоење е важно. Ова не е случајно, затоа што имаш своја приказна и си тука за да оставиш белег на твоето постоење. Ти си важна. Ти секогаш беше и секогаш ќе бидеш. Можеби си го заборавила тоа затоа што си опкружена со луѓе кои те прават да се чувствуваш како да не си, но ти си доволна и важна се додека тоа го знаеш, ништо друго не е важно.
Живот и Стил

Портал за подобар, поздрав и посреќен живот💜💫

Следен Претходен