Невеста организира фотосесија со нејзината болна баба знаејќи дека таа нема да доживее да присуствува на свадбата

Кога Тара Фоли ја планирала својата многу очекувана венчавка, таа знаела дека ќе недостасува некој вреден член на нејзиното семејство: нејзината Нана. Па затоа, се обиде делумно да ѝ ја исполни последната желба на својата 102-годишна баба, а таа била да присуствува на нејзината венчавка.


Знаејќи дека баба ѝ Стасија нема да доживее да посведочи на нејзиното стапување во брак, Тара организирала специјална посета во старечкиот дом во кој била сместена.
$ads={1}
Кога Стасија Фоли им кажала на медицинските сестри дека сака да присуствува на свадбената церемонија на внука и, за жал тие и рекле дека нема да може да го издржи патувањето во авионот заради нејзината старост и слабото срце.
Неколку месеци пред свадбата, среќната невеста отишла кај баба си заедно со професионална фотографка, која им направила фотосесија.

„Знаев дека нема да може да дојде во Тексас за мојата свадба. Кога го слушнав тоа реков: ‘Морам да одам кај неа. Сакам да ме види во мојот фустан. Сакам барем приближно да ѝ ја исполнам последната желба’“ – изјавила 28-годишната невеста.






$ads={2}






Бабичката починала еден месец по овој бесценет момент, а Тара ги чувала фотографиите во тајност.


На денот на свадбата, Тара им покажала една од фотографиите на родителите и семејството. „Татко ми мислеше дека имам споено две фотографии со Фотошоп. Беше многу, многу трогнат од фотографијата. Не мислеше дека е реална. Тогаш солзите започнаа да извираат. Сите беа преплавени со емоции и многу изненадени“ – објаснила Тара.





Живот и Стил

Портал за подобар, поздрав и посреќен живот💜💫

Следен Претходен