Гламурозна либанска свадба на муслиманка и христијанин за која невестата носеше прекрасна венчаница од Ели Сааб

Свадбите во Либан секогаш привлекуваат внимание со гламурот, луксузот и префинетите декорации.



Прославата по повод склучувањето на бракот на модната зависничка и Instagram блогерка Серена Мамлук и нејзиниот сакан Антони Аур привлече големо внимание на социјалните мрежи. Невестата носеше уникатна венчаница од либанскиот дизајнер Ели Сааб, чиј заден дел беше долг 5 метри и доби бројни комплименти за изгледот.





Свадбеното видео на парот носи силна порака, бидејќи Серена е муслиманка, а Антони е христијанин. Во Либан, како и во останатите муслимански земји, мешаните бракови како овој се вистинска реткост. Поради пречките поставени пред нив, младенците се венчаа на Кипар.

Најголемата религија која можете да ја имате е ЉУБОВТА“ – пишува Серена во описот на видеото.

Невеста муслиманка и младоженец христијанин покажуваат почит кон двете религии“ – пишуваат од продукцијата која го создаде видеото.



Ние научивме да се сакаме еден со друг и да се почитуваме меѓусебно како индивидуи, без разлика на нашата националност, религија или средина“ – рекла невестата, но признала дека нивната врска не била прифатена добро од некои роднини и пријатели, бидејќи се судира со реалноста во Либан денес.

Ние си верувавме еден со друг од самиот почеток и нашата љубов победи“ – додала Серена.











И самиот Сааб беше меѓу гостите на свадбата заедно со сопругата Клаудине и синот Селио.



Живот и Стил

Портал за подобар, поздрав и посреќен живот💜💫

Следен Претходен