Вкус што се памети: Варени гевречиња

Замислете го утрото со свежо печени и вкусни домашни варени гевречиња. Нема ништо поубаво од тоа нели?


Потребни состојки:

  • 600 мл. вода
  • 1 лажичка сув квасец
  • 270 гр. брашно


Сите овие состојки ставете ги во длабок сад и измешајте ги со помош на виљушка. Оставете да стаса околу 5-10 минути додека не ги подготвите другите состојки.

Во смесата додадете:


  • 1 лажичка сув квасец
  • 2-3 лажички мед
  • Прстофат сол
  • 300 гр брашно


Со помош на електричен миксер со маталки за тесто матете ја смесата додека сите состојки не се соединат. По потреба додадете брашно за тестото да не лепи, но внимавајте да не го направите премногу тврдо.
Оставете го тестото да стаса околу 1 час на собна температура додека не го зголеми волуменот двојно. Ставете го тестото на работната површина и поделете го на 12 еднакви делови.

Секој од деловите развлечете го во црево долго околу 15-тина цм потоа спојте ги кравите така што во средината ќе се направи дупка. Ставете ги вака подготвените ѓевречиња во тавче обложено со хартија. Покријте ги со кујнска крпа и подгответе ги состојките за варење.

Во тенџере на оган ставете 2.5л. вода и кога ќе зоврие додадете 3 лажички мед. Варете ги ѓевречињата едно по едно, околу 1 минута од двете страни. Вратете ги на хартија за печење, премачкајте ги со белка и нанесете сусам, афионово семе или пак сусам, афионово семе и оригано сите измешани заедно.

Печете околу 25 минути на 220 степени.

Добар апетит!

Автор: daves-kitchen.com
Живот и Стил

Портал за подобар, поздрав и посреќен живот💜💫

Следен Претходен