Како Џенифер Анистон изгледа исто со години? Конечно глумицата ја откри тајната

Џенифер Анистон е скоро три децении во очите на јавноста, на многумина им се чини дека воопшто се нема променето, откога ја гледавме како симпатичната Рејчел Грин во серијата „Пријатели“.


Во новиот број на списанието InStyle, таа ги откри своите ритуали за одржување на кожата. Како што се испоставува, советот што мајката ѝ го дала во нејзините тинејџерски денови ги применува до ден денес.
$ads={1}
„Мајка ми, ме советуваше да започнам да ја хидрирам кожата на 15-годишна возраст, па оттогаш ја хидрирам кожата со кремата Aveeno“, рече Анистон, која е заштитен знак на марката уште од 2013 година.

Покрај тоа што редовно оди кај козметичари, актерката не поминува ден без додатоци и сок од целер.
$ads={2}
За нејзиниот младешки изглед исто така и помага и вибрирачкиот 24-каратно златен дермаролер создаден од нејзината пријателка Јулијан Демпси. „Прекрасно е чувството кога ставате масло на лицето и само го масирате“, откри таа.


Живот и Стил

Портал за подобар, поздрав и посреќен живот💜💫

Следен Претходен