Здрави Рафаело бомбици, без шеќер

Ова се бомбици кои не се печат и што е најважно не содржат шеќер. Ќе ги направите за кратко, а ќе ги изедете побрзо.


Потребни состојки:
  • 300 грама крем-сирење
  • 50 грама мед
  • 2 полни лажици млеко во прав
  • 2 лажици кокосово масло
  • 120 грама кокосово брашно
  • 30 печени лешници
Подготовка:
Сирењето, медот, кокосовото масло, млекото во прав и  100 грама од кокосовото брашно соединете ги во сад. Најдобро е тоа да го правите со раце, за состојките да се соединат, и да добиеме смеса од која лесно ќе ги правиме бомбиците. Внатре додавајте по еден лешник и формирајте бомбици. На крај тркалајте ги во кокосовото брашно што остана. Добар апетит!


Живот и Стил

Портал за подобар, поздрав и посреќен живот💜💫

Следен Претходен