Куче 4 години на исто место ги чека сопствениците откако го напуштиле

Изреката „кучето е најдобриот пријател на човекот“ е нешто со кое многу луѓе би се согласиле. Постојат стотици приказни за кучиња чија љубов кон својот газда е посилна од која било пречка.


Неодамна, приказната за Лео, куче од Тајланд, стана вирална. Неговите сопственици ја напуштиле сиромашната ложа во близина на бензинска пумпа. Од тој ден, Лео никогаш не го напуштил тоа место и стрпливо ги чекал четири долги години до враќањето на семејството.


Луѓето се обиделе  да му помогнат на Лео, тој бил слаб и гладувал.  Дури, тој развил некаков вид на кожни заболувања. Една 45-годишна жена по име Саовалак го хранела колку што можела и го однела дома, но секој пат кога Лео ќе избегал го наоѓале на истото место крај патот. Па таа се откажала и само носела  храна за него до патот.


Друг загрижен граѓанин по име Анучит Унчароан излегол на социјалните мрежи за да се обиде да ги пронајде сопствениците на Лео. Во својот пост, тој поставил неколку слики и спомена дека кучето чека четири години за неговиот изгубен сопственик.


Други ја споделиле неговата објава и се случило  чудо, го пронашле  вистинското семејство на Лео. Тие контактирале со Анучит Унчароен и му рекле дека Лео изгледа како БонБон - кучето кое го изгубиле пред четири години во 2015 година. Семејството се обидело да го бара своето куче откако сфатиле дека исчезнало, но не успеале да го пронајдат и не презеле ништо повеќе.


БонБон бил  навистина среќен што го видел своето семејство, но изненадувачки,  не сакал да оди дома сонив. Тој решил  да остане со жената што се грижела за него во последните четири години. Семејството ја поддржале одлуката на БонБон и му дозволиле да остане со Саовалак.


Семејството ветило дека ќе и помогне на жената да се грижи за БонБон, дека ќе го посетуваат и дека ќе ги платат сите сметки за ветеринар.






Живот и Стил

Портал за подобар, поздрав и посреќен живот💜💫

Следен Претходен