7 лесни чекори за чиста кожа

Можеби сè уште доволно не знаете околу негата за кожа, но доколку веќе имате наполнето 18 години тоа ви е повеќе од потребно.

Сепак, доколку ги користите третманите што ги користи и вашата мајка, потребно е да одите на дерматолог, бидејки вашата кожа не е иста со кожата на вашата мајка.

Ако сакате да ја исчистите вашата кожата од непријатните акни, ова е она што треба да го направите:

1. Дознајте каква кожа имате и какви третмани ви се потребни
Без разлика дали сакате да одите кај дерматологот или само сакате да истражите неколку производи за нега на кожата, треба да одвоите време да сфатите што би ви помогнало вас. Кој е вашиот тип на кожа? Што треба да направите за да се чувствувате свежо и чисто?
Доколку отидете кај дерматолог, тие ќе можат да го анализираат вашето лице и да дознаат што треба да користите.

2. Измијте го лицето на крајот на денот
Има толку многу нечистотии во воздухот што можат да ви се најдат на лицето и последното нешто што го сакате е да останат во вашата кожа.

3. Користете маски за лице!
Постојат толку многу различни видови на маски за лице кои се специфични за секој тип на кожа. Ако имате сува кожа, има маски за лице кои ќе ви помогнат при навлажнување. Ако сакате да ја осветлите кожата и да изгледате повеќе будни, и за тоа има маски за лице.

4. Вежбајте! 
Дали вежбате дома, земете час по јога или можеби одете во теретана. Само направете се што треба за да го придвижите вашето тело, ако можете. Бидејќи потта може да ги отвори порите и вежбањето го намалува стресот, што ги ограничува акните.

5. Внимавајте што јадете
Ако имате алергија на одредена храна, избегнувајте ја.

6. Пијте почесто вода

7. Истражете ги и производите кои не очекувате да и помогнат на вашата кожа



Автор: М. Недева


Живот и Стил

Портал за подобар, поздрав и посреќен живот💜💫

Следен Претходен