Млади генијалци измислиле квака која уништува бактерии

Некои велат дека да си генијалец всушност е едноставно. Сè што ви е потребно е добра идеја и малку знаење. Точно тоа се случило со овие двајца тинејџери, 17-годишниот Сон Минг и 18-годишниот Кинг Понг.


Тие ги истражувале хемиските својства на титаниум диоксид, кога сфатиле дека со нивниот пронајдок можат да го променат животот на луѓето.

Ова не е обична квака од вратата бидејќи е во состојба да ги убие бактериите со помош на светлина.


Сум Минг Вонг и Кин Понг Ли откриле пред извесно време дека титаниум оксид е исклучително ефикасен во убиството на бактерии. Забележале и дека работи подобро кога е изложен на УВ светлина. Размислувајќи како да го извлечат максимумот од нивното откритие, една едноставна, но генијална работа се наметна во нивните глави.

Двајцата тинејџери го искористиле ова знаење за да дизајнираат квака која може да се чисти сама.


Знаејќи дека кваките на вратите се една од најпознатите предмети кои се заразени со бактерии во нашето опшество, тие дизајнирале квака која е направена од стаклена цевка со алуминиумски краеви. Таа го содржи соединението титаниум диоксид, но на неа има и фотокаталитички слој, што значи дека хемиското соединение во неа реагираа на УВ светлина. Хемиската реакција во цевката ги разложува бактериите кои се наоѓаат на кваката.


Младите генијалци веќе добиваат награди и го привлекуваат вниманието на светската јавност за својот изум.
Живот и Стил

Портал за подобар, поздрав и посреќен живот💜💫

Следен Претходен