Уникатен, незаборавен, непреболен... ДВАНАЕСЕТ ГОДИНИ БЕЗ ТОШЕ ПРОЕСКИ

Него го сакаше цела Македонија, го обожаваше цел Балкан, а да беше жив до денес, тој веројатно ќе го освоеше и цел свет.


Тоше Проески е роден на 25 јануари 1981 година, во Прилеп, но израсна во Крушево – место кое никогаш не го заборави и на чија афирмација постојано работеше. Во своите 26 години живот, тој ни подари музика која буди силни емоции, разубави стотици детски животи, помогна секаде каде што имаше потреба од тоа и со своите дела ни покажа дека навистина Блажена е душата што дава.

Во 2004 година, големиот хуманитарец беше именуван за Амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ. По тој повод, Тоше ја сними песната „За овој свет“, како и англиската верзија „This World“. Оваа песна стана химна на УНИЦЕФ.


Тодор Тоше Проески, познат и како „Балкански ангел“, беше најпопуларниот македонски пејач и личност во земјите од поранешна Југославија. Многумина се согласуваат дека тој го освои Балканот со неговата насмевка, изгледот и музиката, а заштитен знак му беше изразот „Ве сакам сите!“.



Секој од нас и ден денес сè уште многу добро се сеќава на утрото на 16 октомври 2007 година. Во шок и неверување медиумите започнаа да известуваат за трагичната смрт на најпопуларниот македонски пејач на сите времиња, Тоше Проески. Тој го загуби животот во сообраќајната несреќа што се случи на автопатот кај Нова Градишка.

Живот и Стил

Портал за подобар, поздрав и посреќен живот💜💫

Следен Претходен