“Јас не сум ли жена”- еден од најмоќните говори во историјата на човештвото

Во Акрон, Охајо, на конвенцијата за женските права, која се одржала во старата камена црква,  Соџиурнер Трут го одржува својот говор за правата нa жената кој се до ден денеска оставува занемени многу луѓе. Погледнете и самите за што станува збор.


“Оној човек таму, да вие, вели дека на жените треба да им се помага во вагоните, да им се подаваат работи од полиците и да го имаат најдоброто место секаде. А никој никогаш не ми помогнал во вагони, или во полиња со кал, и не ми го дал ни приближно најдоброто место! Не сум ли јас жена? Погледнете ме! Погледнете ми ја раката! Има орано и копано по нивите и ниту еден маж не можел да и нареди. Не сум ли јас жена? Можам да јадам и да работам исто колку маж, доколку би ми било дозволено, и да си ставам маскара во исто време! Не сум ли јас жена? Родив тринаесет деца видов јад и ропство и кога плачев во болките на мајка ми, никој освен Исус не ме чу! И не сум ли јас жена?
И потоа зборуваат за онаа мала работа во главата.. како го беа викаа? Интелект. Интелект, tоа е тоа, душо. Што е пак тоа поврзано со женските права или со правата на црнците?
Потоа, малоно човече во црно, вели дека жените не можат да имаат исто толку права како мажите, затоа што Исус не бил жена! Од каде потекнува вашиот Исус? Од каде потекнува вашиот Исус? Од Бог и жена! Мажите немале никаква врска со него.
Првата жена што Бог ја создал некогаш била доволно силна за да го сврти светот наопаку сама, а овие жени заедно треба да можат и можат да го вратат назад и повторно да ја подигнат правилната страна! И сега, кога веќе бараат да го сторат тоа, мажите подобро да ги пуштат.”


Автор: Вероника Гијовска



©ZIVOTISTIL.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Живот и Стил

Портал за подобар, поздрав и посреќен живот💜💫

Следен Претходен