5 интересни факти за филмовите на Хари Потер кои ќе ве вратат во детството

 Хари Потер ќе го разбуди детето во вас и ќе ви помогне навистина да им се радувате на малите нешта. За фановите на серијалот „Хари Потер“ повторното гледање на филмовите претставува враќање во минатото кога не биле оптоварени со стресот и товарот присутни во светот на возрасните, туку кога биле возбудени и среќни поради сите можности што им се нудат во детството и тинејџерските години.



Светот на волшебниците ќе ве потсети дека и вие некогаш сте верувале во магија. Како и самото детство, секоја страница од книгите за Хари Потер и секоја минута од филмовите претставуваат откривање на нешто неверојатно, без разлика дали станува збор за нешто фантастично или за некое пријатно љубовно и пријателско искуство.

Во продолжение, прочитајте неколку факти за филмовите на Хари Потер кои ќе ве вратат во детството:

„Хогвортс Експрес“ од филмовите Хари Потер е вистински воз на пареа во Шкотска. Неговото вистинско име е Јакобит.

Џејмс и Оливер Фелпс морале да ги фарбаат своите коси 10 години додека ги играле улогите на Фред и Џорџ Визли. Нивната коса не била природно црвена.

Даниел Радклиф скршил повеќе од 60 стапчиња додека се снимале филмовите Хари Потер бидејќи ги употребувал како стапчиња за тапани.

За филмот „Хари Потер и Каменот на мудроста“, името на  Том Марволо Ридл требало да биде изменето во 68 јазици и покрај тоа да го задржи значењето „Јас сум Лорд Волдеморт“.

Децата што ги глумеле улогите на учениците во Хогвартс ги пишувале своите домашни задачи за време на снимањата за училиштето да изгледа поверодостојно.

Александра Анѓеловиќ

Љубител на животни, добра музика, книги и кафе. Реалист. Самоуверен, харизматичен и забавен нарцис.

Следен Претходен