Што НЕ прават среќните луѓе: Совет за подобар живот

 Постојат три лоши верувања кои не прават помалку ефективни, не влечат наназад и ја крадат од нас нашата ментална сила:


1. Лошо мислење за самите себе

Во ред е да бидете тажни кога нешто лошо се случило, но не треба цело време да повторувате дека постојано вас ни се случуваат лоши нешта, бидејќи на тој начин само се фокусирате на лошите нешта и останувате заглавени во проблеми наместо да го подобрите вашиот живот или животот на некој друг.

Ова се случува кога се справувате со непријатни емоции како: тага, страв, лутина итн. За да го надминете ова не треба да се обидувате да избегате од овие емоции туку да се соочите со нив, да ги почувствувате и потоа да преминете преку нив.


2. Лошо мислење за другите

Често се случува да се изнервираме од други личности, но наш е изборот како ќе реагираме на нивното однесување, или ќе дозволиме тие да не контролираат или ќе се контролираме самите.

Ова се случува кога се споредуваме со другите, мислиме дека некој друг може да не контролира или ние можеме да контролираме некој друг, но единствената личност со којашто треба да се споредуваме е личноста којашто сме биле вчера.


3. Лошо мислење за светот

Понекогаш мислиме дека доколку се однесуваме добро кон сите, правиме добри дела и вложуваме многу во некои нешта, животот ќе ни даде голема награда за тоа, но таквото размислување може да ни донесе само разочарување. Ова се случува бидејќи сите сакаме светот да биде еднаков и да ни се возврати она што сме го вложиле, но треба да го прифатиме фактот дека животот не е фер. Светот не функционира на тој начин. Сите ние можеме да си направиме свет самите за себе, но пред да го промениме нашиот свет треба да веруваме дека можеме да го промениме.

Александра Анѓеловиќ

Љубител на животни, добра музика, книги и кафе. Реалист. Самоуверен, харизматичен и забавен нарцис.

Следен Претходен