Можат да изедат до 45 килограми листови и гранчиња: 11 интересни факти за жирафите

Време е да направиме целосен преглед на преубавите природни џинови. Прочитајте ги нашите 11 интересни факти за жирафите.



1. Жирафите се пронајдени во сувите савани на Африка, каде се шетаат меѓу отворените рамнини и шумите.

2. Овие нежни гиганти се највисоките живи копнени животни. Возрасен мажјак може да достигне висина и до 6.1 метри.

3. Нивната висина им помага за да внимаваат на предатори, како лавови и хиени. Нивниот добар вид им овозможува да се држат настрана од гладните ѕверови.

4. Жирафите јадат само растенија. Листовите од багрем се нивниот омилен оброк кои го достигнуваат со нивните долги вратови. Исто така го користат својот долг јазик, кој достигнува должина и до 53 сантиметри, за да ги достигнат повисоките листови.

5. Дали имаат апетит? И тоа како! Жирафите поголемиот дел од денот го поминуваат во јадење и можат да изедат до 45 килограми листови и гранчинња.

6. Иако јадат доста, тие не пијат многу вода. Тоа е така поради нивната листеста диета со која ги надокнадуваат течностите во телото. Жирафите пијат вода само еднаш на неколку дена.

7. Жирафите се многу дружељубиви животни и се движат во групи. Овие групи се наречени „Кули“, и обично се составени од 15 членови кои се предводени од возрасен мажјак. Останатите членови се женки и млади мажјаци.

8. За да видат кој е посилен мажјаците се борат со своите глави и вратови. Овие борби се наречени “вратување“, не се опасни и завршуваат со тоа што едниот мажјак признава пораз и си заминува.

9. Женките ги раѓаат своие мали стоејќи. Резултатот? Новороденчињата паѓаат од 1.5 метри висина, но брзо застануваат на своите нозе и за неколку часа се способни да трчаат со своите мајки.

10. Бебето жирафа на денот на раѓањето е високо околу 1.6 метри, а веќе следниот ден има 1.9 метри висина, што значи дека расте со брзина од 1.5 сантиметри на час.

11. Во дивина овие преубави суштества живеат по 25 години додека пак во заложништво живеат и до 40 години.

Александра Анѓеловиќ

Љубител на животни, добра музика, книги и кафе. Реалист. Самоуверен, харизматичен и забавен нарцис.

Следен Претходен