Вреди да се прочита - Поучна приказна која ќе ви ги отвори очите и ќе ве замисли „Кралот и неговите четири жени“

 Многу одамна си живеел еден крал кој имал четири жени. Еден ден кралот многу се разболел и паднал на смртна постела. 

Фото:  William Krause на Unsplash

Плашејќи се дека ќе биде сам во задгробниот живот ја повикал четвртата жена која што ја сакал најмногу и ѝ купувал дијаманти, злато, елегантна облека. Ја прашал „Ќе умреш ли заедно со мене за да ме придружуваш во задгробниот живот?“. 

На тоа таа одговорила „Жал ми е, но не можам да го сторам тоа.“ и си заминала. Тој исто така ја сакал и својата трета жена на која многу се гордеел и ја покажувал на соседните кралства. Ја повикал и ја прашал „Дали ќе ме придржуваш во задгробниот живот?“.

Третата жена одговорила „Премногу си го сакам животот. Жал ми е, но не можам да дојдам со тебе. Кога ќе заминеш од овој свет ќе се премажам за друг“. 

Неговата втора жена секогаш била покрај него кога му била потребна нечија поддршка, па затоа тој ја прашал и неа дали ќе го придружи во задгробниот живот.

Таа му го кажала следново „Жал ми е, но овој пат не можам да ти помогнам. Единствено што можам да сторам за тебе е да го организирам твојот погреб и да те испратам до твоето вечно почивалиште“. 

Тогаш нечиј глас се слушнал изговарајќи „Јас ќе дојдам со тебе и ќе те следам каде и да одиш, дури и во задгробниот живот“. Кралот ја кренал главата и ја здогледал својата прва жена, за која се грижел најмалку. Засрамен ѝ рекол „Многу ми е жал. Требаше повеќе да се грижам за тебе и да ти посветам повеќе внимание додека бев жив“.


Моралот на оваа приказна е дека сите ние имаме четири жени. 

Нашата четврта жена е нашето тело. Сакаме да го редиме со убав накит, убава облека, но на крајот не може да не следи во задгробниот живот. 

Третата жена ги претставува материјалните нешта во животот. Трошиме многу време за да стекнеме повеќе во животот, но на крајот материјалните нешта не можеме да ги земеме со нас во задгробниот живот. Тие ќе бидат присвоени од други луѓе исто како во приказната кога третата жена му рекла на кралот дека ќе се премажи за друг.

Втората жена се нашето семејство и нашите пријатели. Им веруваме, тие секогаш се покрај нас кога ни требаат, но најдалеку што можат да не придружуваат е до нашиот погреб и да не испратат.

Нашата прва жена ја претставува нашата душа. Сите ние вообичаено забораваме колку е важно да се грижиме за нашата душа, но таа е единственото нешто што доаѓа со нас во задгробниот живот. 

Затоа, грижете се за вашето тело, одржувајте го здраво. Уживајте во нештата што ги поседувате и конфортот кои тие го нудат. Почитувајте го вашето семејство и вашите пријатели заради љубовта која ви ја нудат. Но не заборавајте да се грижите за вашата душа. Исполнете ја вашата душа со убавини, најдете време за себе си, медитирајте, бидејќи таа е изворот на се’ во вашиот живот и вашиот најверен пријател.

Александра Анѓеловиќ

Љубител на животни, добра музика, книги и кафе. Реалист. Самоуверен, харизматичен и забавен нарцис.

Следен Претходен