Лесен рецепт, сепак толку вкусен и неодолив: Ориз-барови со путер од кикирики

Едноставно се подготвува, а вкусот не се заборава.



Потребни состојки:

  • 1 чаша путер од кикирики
  • пола чаша јаворов сируп/мед
  • 1 лажица екстрат од ванила
  • 1 чаша чоколаден чипс (или темно чоколадо)
  • 2 лажици кокосово масло
  • 3 чаши експандиран интегрален ориз

Подготовка:

  1. Ставете го путерот од кикирики, јаворов сируп и екстрат од ванила во тенџере на тивок оган да се растопат (убаво да се соединат / може и во микро печка).
  2. Измешајте убаво и додајте го оризот. Мешајте убаво додека не се премачкаат сите оризови “трошки”.
  3. На хартија за печење истурете ја смесата. Со задниот дел од лажицата притиснете ја смесата додека не се изедначи убаво.
  4. На крај ставете ја “смесата” во фрижидер да отстои околу 30-40мин.
  5. На ниска температура/на пареа додајте го кокосовото масло и чоколадниот чипс (или исецкано темно чоколадо) и убаво растопете. Откако чоколадото ќе се растопи полијте одозгора.
  6. Повторно ставете ја смесата во фрижидер додека чоколадото не се стврдни (околу 30мин) и на крај уживајте! 🍫🤤
  7. Може да ги исечкате на помали коцкички или како барови.

Превземено од македонскиот фуд блог theavogue

Живот и Стил

Портал за подобар, поздрав и посреќен живот💜💫

Следен Претходен