После месеци отсуство на сите музички настани, промоции на филмови и модни ревии, минатиот викенд се одржана доделувањето на AMA музички награди во Лос Анџелес.
Пеачката која привлече, убедливо најголемо внимание преку целиот настан е Џенифер Лопез, која на црвениот тепих изгледаше провокативно во сив комплет од здолниште со исечок од десната страна и краток топ кој го откриваше нејзиниот затегнат стомак.
Исто така, посебна вест беше и нејзиниот настап во црно провидно бикини и со провокативен танц со кој ги ,,запали'' социјалните мрежи. Сите се прашуваа како е можно оваа жена да биде толку секси?
На претходно споменатиот настан, се појави и новиот љубовен пар: Меган Фокс и Машин Ган Кели кои продолжуваа да се прегрнуваат и пред камерите, зборувајќи каква е нивната љубов.
Кети Пери за прв пат настапи откако ја роди својата ќерка Дејзи, а нејзиното враќање на сцената беше попратен со гламурозен аплауз.
Манекенката и моделот Кара Делевин изгледаше беспрекорно во своето сиво одело.
Се надеваме дека 2021 година ќе биде исполнета со уште повеќе вакви настани, и со многу фотографии од црвениот тепих.