Едноставни чекори да направите некоја личност среќна

Среќата е најубавото чувство кое не обзема, таа игра важна улога во нашите животи.

Среќата е во малите работи, оние кои често некои луѓе не ги забележуваат. Неа секој ја доживува на различен начин, за некого среќа може да е една насмевка од саканата личност, едно мало внимание со подарување цвеќе, некои се усреќуваат и со парче храна, парче облека, топол дом и место каде можат да живеат.

 

Еден од најдобрите начини да создадете среќен живот за себе е да ги направите другите посреќни. Во животот, кога некого ќе усреќиме, неговата среќа нас не исполнува и позитивно влијае на нашето расположение. 

Зошто?

- Зарем не се чувствувате посреќно кога нечие лице ќе светне од радост? Зарем не сте посреќни кога луѓето околу вас се среќни?

- Вие направивте добра работа. Благодарение на тоа, вие се чувствувате посреќно затоа што сте направиле добра работа. И така вашата самодоверба се зголемува.

- Закон на универзумот: „Го добивате она што го давате“. Во долг рок, сте третирани како што ти ги третирате другите. Плус, начинот на кој што ги третирате и мислите на другите е исто така начинот на кој што се третирте и мислите себе си.

„Сјаете поинаку кога сте навистина среќни.“

Како можете да направите некого посреќен?

Во продолжение, прочитајте ги брзите чекори кои ви ги подготвивме, кои можете да почнете да ги правите уште денес. Одберете еден чекор и видете како тоа може да влијае на луѓето во вашиот живот. 

1. Дајте искрен комплимент. Многу позитивни работи имаат тенденција да останат неизречени. Затоа, денес подарете некому искрен комплимент. Може да значи особено многу, ако станува збор за нешто што е близу до срцето на друга личност. Или нешто за што тој или таа многу се трудел, ќе предизвикате убаво да се чувствува.

2. Нека влезе некој во Вашата лента додека возите. Тоа може доста да го намали стресот во нечиј ден во ова брзо и стресно време во кое живееме.

3. Држете ја вратата отворена неколку дополнителни секунди. Не треба многу напор, но може да насмее нечие лице со еден сосема обичен гест од Ваша страна.

4. Изразувајте благодарност за работите кои премногу често ги сметаме за здраво за готово. Понекогаш, го земаме здраво за готово она што другите луѓе го прават за нас. Едно благодарам, кај која ви помогнала ќе предизвика да ги заборави сите намрштени лица пред Вас. 

5. Споделете некои од Вашите вкусни домашни колачиња на некоја стара бабичка, или на некој странец, колега и слично.

6. Подарете ваша изработка. Некоја нараквица или цртеж што сте го направиле, тоа ќе остане во сеќавање кај таа личност.

7. Споделете дел од вашиот есенски склад. На пример, малку џем, конзервиран зеленчук или исушени вкусни печурки или овошје.

8. Охрабрете. Светот на моменти може да биде толку тешко и обесхрабрувачко место на моменти. Затоа охрабрете некој кој мине низ тежок период. Додадете своја оптимистичка перспектива на ситуацијата за да ги намалите неговите / нејзините грижи и можеби претераните стравови.

9. Кажете добра шега. Или смешна приказна за нешто што ви се случило минатата недела. Тоа сигурно ќе ја подобри атмосферата.

10. Споделете нешто смешно што го најдовте на интернет. Имитирајте еден од вашите омилени клипови од стенд-ап шоуто што го сакате, ако во моментот немате шеги и добри приказни.

 


Излезете заедно, одете во кино, во парк, земете некоја друштвена игра или препуштете се на музиката на природата, тоа добро ќе влијае на личноста до вас. Или едноставно седнете и зборувајте за проблемите кои го/ја мачат, теми кои ве интереситаат или пак зборувајте за тоа како сте го поминале денот.

Ако имате за цел да направите среќни луѓе на кои има е потребна помош, донирајте храна, вода, облека, играчки, тоа може добро да им дојде.

На крајот на денот, кога ќе ја ставите главата на перница, тоа што сте усреќиле некого ве усреќува и вас и ве прави подобра личност.


Ангела Иваноска

Позитивна и ведра личност, најголема љубов - музиката, а најголема страст, пеењето. Љубител на кафе, убава фотографија и добро друштво.

Следен Претходен