Едноставни начини како да го подобрите своето расположение веднаш

Познато е дека добриот почеток на денот доведува да имате генерално убав ден. Енергичниот и продуктивен старт го поставува контекстот на целиот тој ден.

Но, се случува да има и денови во кои и стартот не е толку добар од некоја причина. Можеби имате спиено лошо, или сивото небо и ладниот есенски дожд ви ја одзема енергијата. 

Но, што да правите тогаш? Дали размислувате дека тој ден е изгубен, па се надевате на подобро утре? Епа, денов сè уште не е завршен. Сепак, можете да направите нешто добро од него. Еве како јас правам да исчезне негативната енергија и како си давам втора шанса.


1. Цени го тоа што го имаш

Наједноставното од сите. Одвојувам само 2 минути и седам во тишина.

Си кажувам: Добро, можеби не се чувствувам сега најдобро, но за што можам да бидам благодарна и што треба да ценам во животот?

Најчесто си одговарам со овие едноставни работи:

• Мојата омилена храна

• Моето здравје

• Покривот над глава

Овие работи ми го отвараат умот. И ми ги одвраќаат мислите од негативноста.

2. Однесувај се како што сакаш да се чувствуваш

Емоциите се враќаат назад.

Па, ако сакате да бидете попозитивни или ентузијастични тогаш постапувајте како што би постапувал човек кој е позитивен и ентузијастичен.

Можеби не се чувствувам и јас така. Но, правам најдобро што можам. Како на пример: 

• Мислам на работата што ја имам пред мене како за нешто возбудливо и смешно

• Одговарам на некои меилови или зборувам со некој на позитивен и ентузијастичен начин

• Замислувам однос ако се чувствувам немотивирано, негативно или нервозно пред некоја средба (претпоставување однос е да мислите како се сретнувате со најдобриот пријател пред средбата, и тоа ве доведува до подобро расположение). 

3. Размислете една минута и дадете некому комплимент

Еве една интересна работа која ја употребувам доста често е следнава:

Потрошете 1 минута да размислите и да кажете нешто што навистина цените кај некој во вашиот живот, кажете и што цените кај таа личност.

Ќе направите некој посреќен, а кога луѓето околу вас се среќни, не ви преостанува ништо друго освен и вие да бидете.


Катерина Шукоска

Секогаш позитивна и смирена, но од друга страна и бунтовник и авантурист. Најмногу сакам патувања и откривање нови места. Секоја слободна минутка обожавам да ја потрошам на некоја добра книга, филм или слушање на омилената музика.

Следен Претходен