Миа Костова - добро позната за македонска јавност по долгото работно искуство како водителка во естрадниот магазин Бекстејџ. Што значи мајчинството за неа, каков пријател е, цитат по кој се води, и многу други работи за Миа прочитајте во продолжение!👇
![]() |
Фото: Instagram @miandrija |
Живот и Стил: Како го почнуваш денот? Прва утринска здрава навика?
Миа: Денот го почнувам со споро расонување со инста за будење, и јас сум најнесоодветниот човек за здрава навика наутро. Не појадувам, не пијам сокови. Пијам кафе.
Живот и Стил: Како твојата омилена Сабота би изгледала?
Миа: Сабота? Откако ја работам работата што ја сакам, сабота ми е секој ден кој јас сакам да е сабота. Инаку, многу сакам денови кои течат споро, сакам кога чистам по дома цел ден за да пречекам друштво на вино и добра вечера на пример.
Живот и Стил: Што најмногу мразиш кај луѓето?
Миа: Уфилманост, глумење лудило, правење нешто што не се, измислени перцепции за себе. Никој од нас не е комплетно „здрав“ ама некои претеруваат.
Живот и Стил: Што значи мајчинството за тебе?
Миа: Со еден збор? Сѐ! Со повеќе зборови: друга перцепција за себе, фрази како „не можам“ и „не сакам“ кои не постојат во речникот, гордост кон сам себе заради она што си го создала, полни гради заради секој негов успех и пофалба, топло на душата кога е среќен.
Живот и Стил: Како пријателите те опишуваат?
Миа: Многу директна, искрена и преостра понекогаш, ама со сигурност знаат дека кај мене нема лицемерие, пожртвуван пријател, и можеби нескромно ама страшно забавна за дружба. :)
![]() |
Фото: Instagram @miandrija |
Живот и Стил: Сподели некоја интересна занимација (хоби) до нашите чители – Што правиш во слободно време?
Миа: Искрено Инстаграм ми го одзема секој и слободен и помалку слободен момент. Знам да читам книга, знам да пишувам домашна со Андрија, знам да расчистувам ќошиња со накит или фиоки. Ама конкретно хоби немам.
Живот и Стил: Кога имаш лош ден што „те враќа во живот“?
Миа: Чаша вино во друштво на мои луѓе.
![]() |
Фото: Instagram @miandrija |
Живот и Стил: Која е најљубезната личност која ја познаваш?
Миа: Другарка ми Илина. Љубезност и финоќа од која често превртувам очи. :) Ама ете љубезна до степен што не може да не ја сакаш на прва.
Живот и Стил: Цитат по кој живееш?
Миа: Живеј како да ти е секој ден последен!