Пештерските цртежи покажуваат дека пред околу 10.000 години Сахара била покриена со трева: Зачудувачки факти за пустините

Пустините се суви региони со песок или камења, кои примаат исклучително мало количество дожд и имаат многу малку вегетација или пак, таа сосема недостига. Пустинските подрачја просечно примаат годишно количество врнежи помало од 25 сантиметри. Под врнежи се подразбира паѓањето вода на Земјата во која било од нејзините форми: дожд, снег, град, магла и слично. 


Пустините може да бидат или топли или студени. Заедничка карактеристика и на топлите и на студентите пустини е исклучително ниското количество дожд. Пустините секогаш се суви и географски се групирани како суви подрачја. Овие подрачја повеќе губат вода преку испарување отколку што добиваат преку врнежи. 

Во продолжение, прочитајте ги нашите зачудувачки факти за пустините.


Приближно 20 проценти од површината на Земјата е покриена со пустини.


На пустината Сахара и припаѓаат осум проценти од вкупната копнена површина.


Околу 98 проценти од Антарктичката Пустина е покриена со мраз, кој е дебел најмалку 1,6 километар.

 


Најстарото живо суштество на Земјината топка е цветната грмушка наречена креозот, која се наоѓа во пустината Мохаве. Таа е стара 12.000 години.


Намбиската Пустина во Африка е најстарата пустина во светот. Во неа владеат пустински услови најмалку 55 милиони години.


Пустината Атакама во Чиле, која добива просечни врнежи помалку од 1.5 сантиметар, е најсувото место на Земјата.


Највисоката температура кога било измерена била во либискиот дел на Сахара и тоа 58 Целзиусови степени на 13 септември 1922 година.


Пештерските цртежи во централна Сахара покажуваат дека пред околу 10.000 години Сахара била повлажна од сега. Тогаш поголемиот дел била покриена со трева.

 


Во пустината Атакама немало врнежи од 1570 година до 1971 година. Во некои подрачја во оваа пустина немало дожд уште од 1570 година.


Пустинската желка поминува 95 проценти од својот живот во подземните канали. Може да живее на места каде што температурата достигнува и до 60 Целзиусови степени.


Пустините се веднаш по тропските дождовни шуми кога станува збор за разновидноста на растителните и на животинските видови што се наоѓаат таму.


Птиците-тркачи претпочитаат одење или трчање во пустината и можат да постигнат брзина и до 27 километри на час.


Камилите имаат проѕирни очни капаци, кои ги штитат да не им влезе песок во очите.


Камилата може да преживее девет дена само од вода што е складирана во нејзиниот стомак. Може да функционира нормално дури и ако загуби 25 проценти од својата телесна тежина.


Пустинските растенија може да бидат стари и по неколку стотици години.

 

Се проценува дека има околу 1200 видови на растенија само во Сахара.


Речиси три милиони метрички тони натриум нитрат биле вадени како руда од пустината Атакама во текот на Првата светска војна за правење експлозив.


Сега може да се задоволат светските потреби за електрична енергија со помош на енергија создадена од сонцето, а користејќи само 10 проценти од површината на Сахара.

 



Александра Анѓеловиќ

Љубител на животни, добра музика, книги и кафе. Реалист. Самоуверен, харизматичен и забавен нарцис.

Следен Претходен