Васил Гарванлиев: Албумот ми е скоро готов, за оваа пролет спремаме голем спектакл за него

Денес, разговараме со еден од најпознатите оперски изведувачи во Македонија со светска слава - Васил Гарванлиев. Личност која ја има претставено Македонија пред светот. Настапувал со многу познати ѕвезди Нели Фуртадо, Џули Ендрјус, „Њу кидс он д блок“, Енрико Иглесијас, Селин Дион. Македонската јавност го запозна уште во далечната 1994-та со детскиот евергрин „Марионка“.

фото: Мартин Трајановски

Со него поразговаравме за неговите први утрински ритуали, што прави во неговото слободно време, што ново да очекуваме од него и многу други интересни теми прочитајте во продолжение.


Живот и Стил: Здраво Васил, како си?

Васил: 14-ти ден во карантин со позитивна посета од тетка Ронка хаха - деновиве си наликуваат еден на друг... ама добро сум :)

Живот и Стил: Како го почнуваш денот? Без што не можеш да го замислиш утрото?

Васил: Ладно нескафе со цимет & Јога. Почнав нов ритуал во овој карантин - ги оставам мобилните во дневна пред да си легнам за да не губам време додека заспијам и кога ќе станам - убавина и мир.

Живот и Стил: Што најмногу мразиш кај луѓето?

Васил: Пасивна агресивност, цигари и луѓе кои одат бавно.

Живот и Стил: Со која светска ѕвезда би снимил дует? 

Васил: Адел и Хари Стајлс

Живот и Стил: Имаш ли некој идол кој ти е инспирација во животот?

Васил: Мајка ми. Жртвува сè за да ни овтори пат на мене и на брат ми.

Живот и Стил: Кога би морал да издвоиш некоја македонска славна личност, која би била таа?

Васил: Игор Џамбазов. Живееше кај нас кога растев. Имаме дует заедно во 96та. Ми напиша текст на последната балада „Мојата улица“ и е човек со кој можам цел муабет да направам само со еден поглед.

Живот и Стил: Претпоставуваме дека поминуваш големо време дома, како и сите останати. Ќе можеш ли да споделиш некоја интересна занимација (хоби) до нашите чители – Што правиш во слободно време?

Васил: Јога и последната желба ми е да ја направам шпагата хаха - така да, лежам наопаку со саати додека пишувам или читам нешто на лаптоп.

фото: Мартин Трајановски

Живот и Стил: Во македонската музичка сцена те има уште од дете. Прв настап имаше во далечната 1994-та во Златно Славејче со песната „Марионка“. До ден-денес, на јавноста си ѝ познат по тој настап. Дали во моментов си задоволен од поддршката што ја добиваш од твоите фанови?

Васил: Калинка со „Желба од срце“ беше првиот, па дојде детскиот Макфест Весело штурче со „Па што ако“ и третиот магичен настап беше во Златно Славејче со “Марионка” - секој ден и со секој нов проект добивам прекрасни пораки од фановите. Тие ми се најискрен показател дека одлуката да се вратам дома и посветам на Македонска музика беше вистинскиот чекор за мене.

Живот и Стил: Дали како дете сонуваше дека еден ден ќе добиеш шанса за настап на Евровизија? 

Васил: ДА! И благодарение на Ковид уште е сон... ми го зема пред да се оствари како што треба, но здравје следната година ако биде се како што треба. Многу многу сум благодарен што ја имав таа генерална проба како придружен вокал на Тамара 2019 во Израел.

фото: Мартин Трајановски

Живот и Стил: Што ново да очекуваме од тебе на професионален план?

Васил: Македонскиот албум ми е скоро готов - требаше да го пуштам пред 2021, но ќе почекам до пролет затоа што спремаме голем спектакл со него - Ќе играм, ќе водам, ќе пеам... И на сцена ќе сме околу 45 луѓе. Со душа чекам КОНЕЧНО нашата публика да ме слушне и искуси во живо. Сцената ми е дома и време е да го споделам тоа со нашата публика.

Живот и Стил: Цитат по кој живееш?

Васил: Биди ти - тие што ти замеруваат- не ти значат, а на тие што им значиш- не ти замеруваат.

Живот и Стил

Портал за подобар, поздрав и посреќен живот💜💫

Следен Претходен