Како до совршено утро: 7 едноставни совети за одличен почеток на денот

Според моето искуство, она што го правите рано наутро го одредува текот на целиот ден. 


Па, дозволете ми да споделам 7 едноставни совети кои ми помогнаа да создадам подобри утра и денови. 

1. Направете план една вечер претходно и запишете ги трите најважни работи што сакате да ги завршите наредниот ден. 

2. Подгответе се една вечер претходно, спакувајте ја вашата торба, вашиот ручек и се останато кое следното утро ќе ви биде при рака. 

3. Чувајте едноставен потсетник на вашата ноќна масичка. Она што ќе го видите во првите минути од вашето будење има големо влијание во натамошниот ден. Запишете го вашиот омилен цитат и вашите најважни „Зошто“ прашања и работи. 

4. Започнете полека. Така полесно се фокусирате на она кое го работите и ги имате во предвид вашите приоритети. Ви останува повеќе енергија и таа можете да ја искористите на работи кои ви значат.


5. Внесете неколку позитивни информации во вашиот ум за време на појадокот. Прочитајте една глава од вашата омилена книга или едноставно изгледајте некое видео кое ќе ви даде дополнителна мотивација.

6.Започнете го вашиот работен ден со најважната задача затоа што започнувањето е често најтешкиот дел. 

7.Направете нешто за кое длабоко во себе сметате дека е вистинската работа. Направете го тоа сега. Потоа додадете друга работа. Па друга. Изградете една низа од правилни работи за време од 10 – 30 минути за да ја зголемите вашата енергија и позитивните чувства.

Симоне Спасески

Позитивна личност, комуникативна и дружељубива. Сакам добра музика, добри книги и многу забава. Секогаш се стремам кон нови работи. Обожавам да пишувам. Некои велат дека сум добра личност, забавна и секогаш се трудам да ги насмеам моите најблиски. Сакам патувања, добра фотографија и многу кафе.

Следен Претходен