Модните експерти пресудија: Ова се најлошо облечените жени во 2020 година!

Нивните модни комбинации не наидоа на позитивни коментари.


Стилот е самиот човек. Секој има свој афтентичен стил на облекување и тој зборува многу за самиот човек. Обичните луѓе својот стил го градат самостојно, но што се однесува до познатите личности, тие својот стил го градат во консултација со модни стилисти. 

Стилот помага во градењето на кариерата на поединецот, често некои од уметниците се истакнуваат со необичниот изглед кој го прикажуваат пред јавноста, но не секогаш се добро прифатени од околината. 

Дојде време да се направи осврт на годината која полека, но сигурно завршува. Модните експерти, како и секоја година, направија список на најлошо облечените жени во годината и нивните најголеми модни неуспеси. 

Изгледа дека оваа година на познатите дами не им одело од рака да ја одушеват критиката, па на оваа „црна“ листа се најдоа повеќе јавни личности од вообичаено.

Според мислењето на екпертите, на прво место се наоѓа Кели Брук.

фото: Profimedia

Веднаш по неа доаѓа и Селин Дион која со своите ексцентрични стајлинзи (изгледи) умееше да предизвика вистинска лавина од коментари оваа година. 

фото: Profimedia

На третото место се најде Кејт Бланчет заради фустанот кој остави апсолутно негативен впечаток. 

фото: Profimedia

Познатите личности се често мета на разни кометари и критики, кои се наменети за нивниот изглед. Иако тие во повеќето случаи изгледаат прикладно облечени во зависност од настанот, како и секој нормален човек имаат моменти кога едноставно сакаат да се облечат во удобна, некогаш помалку стилска комбинација и да излезат во јавноста така стилизирани. 

Понекогаш, може да им се случи лошо одбраната комбинација да ја носат на некој важен настан, каде би биле мета на новинарите кои таа не толку добро смислена комбинација ќе ја приметат и објават на социјалните мрежи. 

Еве уште неколку од најлошо облечените жени за 2020 година според експертите, меѓу кои се најде и големата поп ѕвезда Бијонсе






фото: Profimedia



Ангела Иваноска

Позитивна и ведра личност, најголема љубов - музиката, а најголема страст, пеењето. Љубител на кафе, убава фотографија и добро друштво.

Следен Претходен