Што ја предизвикува високата температура и што таа всушност преставува?

Треската знае да биде непријатна и вознемирувачка дури и страшна во денешно време кога живееме со непријател како COVID-19. Hо, дали сте се запрашале што всушност ја предизвикува високата температура?

Што е треска?

Високата температура е главна причина за тоа. Кога имате повеќе од 38° температура, тоа значи дека телоте се бори против болести или инфекција, вашиот имунитет работи на тоа со сите телесни системи да даде приоритет на здравите витални органи. Високата температура може да ги успори бактериите и нивното ширење, ги подобрува способностите на нашите бели крвни зрнца. 

Голем број од бактериите и вирусите можат доста нормално да живеат во нашето тело, но кога имаме висока температура е многу потешко. Постои долга листа на здраствени проблеми кои ја предизвикуваат треската, еве едни од тие причинители:

- инфекции

- одредени лекови

- сончаница

- рак

- аутоимуни заболувања

- некои детски вакцини.

Што треба да направите ако имате висока температура?

Ако се чувствувате релативно добро не мора да направите ама баш ништо, но доколку почувствувате непријатности и ви се покачи телесната температура се препорачуваат лекови како Paracetamol или Ibuprofen но најважно од се е да внесувате што е можно повеќе течности. Но како што споменав од почетокот на прилогот во време на COVID-19 најдобро би било да го посетите вашиот доктор и да ги следите неговите инструкции. 


Моника Тодоров

Обожавам да проаѓам време со моите деца, зависник од old school hip - hop, обожавам soul and blues. Позитивна праведна и креативна до максимум.. Живеам со едно мото "Sky is the limit".

Следен Претходен