Како да внесете внатрешен мир во вашиот живот: 15 работи што можете да започнете да ги правите уште од денес

Секојдневниот живот може да биде напорен и бурен. Затоа, денес би сакал да споделам 15 совети за да го пронајдете својот мир и тој напорен живот да го промените во нешто во кое ќе уживате. 


1. Поставете граници. Престанете да ги правите оние работи кои ви се најмалку важни и поставете ограничување на тоа колку пати ќе го проверите вашето поштенско сандаче, Инстаграм, Твитер итн. И знајте да кажувате НЕ ако навистина немате време.

2. Пронајдете ја вашата совршена техника за релаксација. Можеби тоа ќе биде некоја релаксирачка музика или долга прошетка во природа. Можеби ќе одлучите да медитирате или да пробате со јога. Откријте и направете го тоа. 

3. Не дигајте планина пред вас. Ова може да создаде непотребен стрес. Кога ќе се соочите со нешто такво поставете си го следново прашање: „Дали моментално постои некој на кој му е многу полошо од мене во моментов?“ Тоа ви помага да сфатите дека не сте само вие тие кои се соочуваат со потешкотии.

 


4. Успори. Ако забавите додека се движите или зборувате, честопати можете да почувствувате помалку стрес. Тоа важи за сè што правите во животот. 

5. Средете го вашиот свет, средете го вашиот ум. Одвојте само 3 минути за да го средите вашиот работен простор или просторијата во која сте. Така го средувате и вашиот ум и тогаш почнувате да живеете порелаксирано.

6. Користете минималистички работен простор. Тоа носи мир и го олеснува фокусирањето за време на работата. 


7. Бидете 10 минути порано, секаде. Мала навика која ќе ви го промени стресното време во време на релаксација.

8. Прифатете и продолжете понатаму. Кога прифаќате нешто негативно од минатото тогаш тоа почнува да ја губи својата моќ. Насочете го вашиот фокус кон сегашниот момент и нешто подобро. И продолжете понатаму. 

9. Прашајте наместо да погодувате. Читањето умови е прилично невозможно. Затоа, прашајте и комуницирајте наместо да пробувате да погодите. Не си создавајте вознемиреност туку спасете се од сите проблеми на подолг рок. 

10. Избегајте на одредено време. Прочитајте некој книга, гледајте ја вашата омилена серија или филм. Едноставно е, но е толку добро за да ве ослободи од притисокот и да ве релаксира. 

 


11. Решете проблем кој ве оптеретува. Не одложувајте. Решете го вашиот проблем и ослободете го, како и целиот стрес и напнатост кој ви ги предизвикува. Направете го тоа веднаш и не чекајте ни минута повеќе.

12. Исклучете сè за време на викендот. Исклучете ја или барем ограничете ја вашата активност на интернет и проверката на вашиот телефон за време на викендот. Посветете се на вашето хоби, вашето семејство или пријатели и излезете некаде во природа. 

13. Запомнете ги 5-те зборчиња кои ќе ви помогнат да останете разумни: едно по едно. Така ќе бидете помалку стресни и пофокусирани и тоа не само што ќе ви донесе внатрешен мир, туку и ќе ви помогне да ја направите вашата работа подобра и поефикасна. 

14. Дишете. Секогаш кога сте под стрес или изгубени во некој ваш проблем, дишете преку вашиот стомак и фокусирајте се на вдишувањето и издишувањето на воздухот. Тоа ќе ве смири и ќе ве врати во сегашниот момент. 

 


15. Запомнете. И утре има ден. Понекогаш имате лош ден. Или животот ви се меша во вашите планови за тој ден. За да се справите со таквата ситуација само сетете се дека утре е нов ден и дека можете плановите да ги остварите тогаш. 


Симоне Спасески

Позитивна личност, комуникативна и дружељубива. Сакам добра музика, добри книги и многу забава. Секогаш се стремам кон нови работи. Обожавам да пишувам. Некои велат дека сум добра личност, забавна и секогаш се трудам да ги насмеам моите најблиски. Сакам патувања, добра фотографија и многу кафе.

Следен Претходен