А.С.А.П Роки бил заљубен во Ријана со години: Официјално се заедно

И според гласините им оди премногу добро. Тие се наразделни овие неколку недели ни кажува изворот.


Врската е свежа и нова, но може да се каже дека и двајцата се премногу посветени. Иако врската им започна скоро, А.С.А.П Роки бил заљубен во Ријана со години. 

Раперот неколку пати настојувал да се доближи до егзотичната пејачка, но таа го држела во пријателска зона. Но, сето тоа се сменило ова лето кога тие се и официјално видено заедно.

Сигурни извори ни кажуваат дека врската е одлична затоа што тие имаат сличен животен стил и делат слични вредности. Нивните пријатели кажуваат дека музичарите делат природна, забавна и лесна врска со многу заедничка хемија помеѓу нив. 

„Таа се чувствува многу комфорно околу него, можеби поради тоа што се знаат одамна, но и конекцијата е појака зошто А.С.А.П Роки по татко е од Барбадос исто како и Ријана. “

Како и многу познати личности со нивниот љубовен живот така и Ријана беше под лупа од почетокот на годинава кога и официјално ја прекина долгодишната љубовна врска со милионерот, принцот Хасан. Многу таблоиди тврдеа дека таа и тогаш била во врска со Роки, но тоа беше негирано и беше кажано дека тие само пријатели.


Моника Тодоров

Обожавам да проаѓам време со моите деца, зависник од old school hip - hop, обожавам soul and blues. Позитивна праведна и креативна до максимум.. Живеам со едно мото "Sky is the limit".

Следен Претходен