Бијонсе изгледа неверојатно во нејзината нова кампања Ivy Park x Adidas

Последната, сигурно продадена колекција од модната икона Бијонсе и спортскиот бренд за облека Adidas е официјално на пат.


Пред извесно време официјалниот канал Ivy Park сподели слики од првиот поглед на Beyonce во моделите на најновата колекција, и таа изгледаше апсолутно зачудувачки во серијата фотографии од кампањата. Одржувајќи ја својата шминка свежа и неутрална, а косата истакната со боја на мед долга и лелеава, таа ги покажа моделите на Ivy Park x Adidas кои вклучуваат велосипедски шорцеви и панталони, исечени дуксери, боди и структурирани блејзери.

Иконата го спои спортскиот изглед со различни варијации нa нејзините брендирани патики Adidas, вклучувајќи ги и нејзините кожни Superstar патики со висока платформа и претстојната верзија на Ultaboost со неонска нијанса. Таа исто така моделираше пар ПВЦ салонки кои не се дел од колекцијата.


„Ова е мојот парк“, гласеше насловот заедно со фотографиите, потврдувајќи го датумот на издавање на новата колекција. Првoто појавување на колекцијата за спортска облека, која дебитираше во Jануари, се карактеризираше со претежно монохроматска тема во канелени бои, но во второто прикажување Beyonce се одликува со поживописен и разновиден спектар на бои, како неон-жолта, смарагд зелена и сина сина. 


Beyonce најпрво ја сподели новата колекција на нејзиниот Инстаграм профил, каде сподели дигитална табла за расположение што го навестува изгледот и естетиката на претстојната колекција. Во живиот клип, на екранот стојат слики од отворено поле, шума, статуи од слонова коска и зумирани кадри на самата Beyonce која трепери со зелен креон на нејзините очи во кој што трепери слоганот „This is my Park”.

 



Моника Тодоров

Обожавам да проаѓам време со моите деца, зависник од old school hip - hop, обожавам soul and blues. Позитивна праведна и креативна до максимум.. Живеам со едно мото "Sky is the limit".

Следен Претходен