Како да подготвите вкусно пилешко: Сочно пилешко во вино

Ако сте во потрага по рецепт кој не бара премногу, а вкусот го воодушевува непцето, пробајте специјалитет од француската кујна, како што е сочното пилешко во вино. Тоа е јадење идеално за семејните дружења, кога чаша од омиленото вино се пие со вкусен ручек.


Потребни состојки:

  • 4 копани и 4 копан со надкопан исечени на повеќе места (наместо копани, можете да користите и пилешки крилца)
  • 250 гр. сланина
  • 250 гр. шампињони
  • 1 / 2л. супа
  • 100 мл. коњак
  • 3 лажици маслиново масло
  • лажица брашно
  • масло за пржење

Маринада:

  • 1/2 л црвено вино
  • 1 кромид (исечкан на коцки)
  • 3 ловорови лисја
  • малку магдонос (едно гранче свежа или половина лажичка сушен)
  • 2 моркови (исечени на прстени)
  • 2 чешниња лук (ситно сецкан)
  • лажичка бибер во зрно

Имајте на ум дека маринадата треба да се направи 24 часа порано,  таа е одговорна за сочноста и мекоста на месото.

Подготовка:

  1. Истурете црно вино, кромид, морков, бибер, ловоров лист и магдонос во сад. Маринирајте го пилешкото во маринадата 24 часа претходно. Потоа исцедете ја маринадата, па извадете го месото на едната чинија, а зеленчукот на другата.
  2. Во длабока тава, загрејте го маслото, испржете го пилешкото од сите страни и прелијте го со коњак. Извадете го месото и испржете го зеленчукот од маринадата во истото масло (доволно е околу 5 минути). Додадете лажица брашно, промешајте и вратете ги копаните. Ситно исецкајте го лукот и посипете го пилешкото, прелијте со маринада и супа. Зачинете со сол и бибер, и оставете го да врие на тивок оган околу 60 минути. 
  3. Половина час пред крајот на готвењето, испржете ја сланината и печурките во длабока тава. Додадете ги во пилешкото и варете уште петнаесет минути.
  4. Послужете топло, со пире од компири и чаша ладено црвено вино. Уживајте во сочно пилешко и вкусови на традиционална француска кујна. Пријатен апетит!



Александра Анѓеловиќ

Љубител на животни, добра музика, книги и кафе. Реалист. Самоуверен, харизматичен и забавен нарцис.

Следен Претходен