Еве како изгледа куќата на Новак Ѓоковиќ во Мајами вредна 9 милиони долари

Тениската легенда Новак Ѓоковиќ, едно од најголемите имиња во светот кој постигнува големи успеси во областа на тенисот, одбра одлична локација за негово прибежиште. 


Познавачите на Новак Ѓоковиќ знаат сè за неговиот афинитет кон извонредност - на теренот и надвор од него. Како тениска легенда се смета за еден од најдобрите што некогаш ги красел терените. Тој е еден од најубавите мажи во спортот.  

Тој се бореше со повредите, па така кога се здоби со една на Мајами опен се повлече и почна да се занимава со „лов“ на куќи. Тој купи имот во една од најлуксузните згради со огромни апартмани. Тој по потекло е од Србија, но тој со неговата сопруга Јелена домот во Монако го нарекуваат свој дом каде живеат со своите две деца. 

Во продолжение, ќе ви го покажеме неговото прибежиште со сите негови убавини и удобности.

Локација

Eighty Seven Park, зграда јужно од заедницата Сурфахд, Мајами.


Зграда

Еколошка стаклена конструкција, совршено се вклопува во посветеноста на Новак за чист начин на живот - тенисерот е познат по својата веганска исхрана без глутен и по претпочитање на одржлив живот, што може да изгледа тешко да се постигне во забавен град како Мајами.

 


Дневна соба

Ја осветлуваат големите прозори кои и даваат широчина на просторијата. Кога зборуваме за неговата одлука да купи имот на ова место, се забележува неговата желба за мир и спокојство. Оддалечен од метежот на Саут Бич, им овозможува на жителите да избегаат од брзото темпо на градот.

Балкон

Новак има несомнено прекрасен поглед од неговиот дом во Монако, но нема споредби со панорамските погледи на океанот. Лежалките гарантираат опуштање и уживање во прекрасниот поглед на океанот.

 


Спална соба

Резиденцијата купена од тенисерот има 3 спални соби. Тие ви нудат заспивање со звукот на брановите и будење со бесконечен поглед на хоризонтот, поврзани со елегантен, минимален, но пријатен декор. Во склоп на оваа соба има и тоалет, исто така со балконот ја делат подвижни стакла.


 

Дворот на апартманот

Оваа зграда нуди и уживање во базен кој се наоѓа спротивно од влезот.  Доколку Новак се замори од неговиот сопствен приватен балкон, тој може да се повлече во дворот на зградата за некое сончање - без страв дека ќе го изгуби чувството на смиреност и приватност што ги нуди домот.

 


Трпезаријата

Дневната соба споена со трпезаријата и кујната се во истите кремови тонови. Во внатрешноста на просторот се наоѓа трпезариска маса. Суперѕвездата поседува повеќе ресторани покрај добротворната организација и има напишано книги за здрава исхрана. Оваа современа трпезарија е идеална за дегустирање или едноставно уживање во семејни вечери.

 


Кујна

Кујната е изработена во минималистички стил со ситни декорации. За да се одржи строгиот режим на здравје, клучна е кујната во која вреди да се троши време.

 


Трпезарија на балконот

Во оваа зграда, семејствата можат да изберат да вечераат во внатрешноста на станот или надвор на балконот, каде ќе вдишуваат од свежиот морски воздух.

 


Лоби во внатрешноста на зградата

Лобито, украсено со билки, им овозможува на жителите доколку сакаат да излезат навечер, тоа да го направат во внатрешноста на зградата.

 


Бар во дворот

Или ако сакаат да се напијат пијачка надвор од домот, тоа може да биде во дворот на зградата.

 


Градина

Додека имотот се наоѓа помеѓу два бујни паркови, Ѓоковиќ  добива „клуч од паркот“ што му овозможува пристап до затворениот приватен парк на жителите од северната страна на зградата што е извајана од холандската фирма за пејзажи Вест 8.

 


Внатрешноста на зградата - изглед и чувство

„Бев инспириран од неспоредливото ниво на услуга, ексклузивниот пристап до паркот и панорамскиот поглед и на копно и на море“, рече Новак Ѓоковиќ. „Сето тоа обезбедува совршен начин на живот за мене и за мојата сопруга Јелена“.

 


Дизајн и естетика

„Едноставно, го сакам дизајнот на оваа зграда“, рече Новак. „Ова е неочекувана локација во населба која рапидно расте и тоа е она што ме привлече да купам стан токму овде. Ова ќе биде моето ново прибежиште“.

 


Базен

Зградата во која се наоѓа луксузниот стан гледа и излегува на море и од двете страни е опкружена со паркови. Луксузната зграда која лежи на вода, базен, невообичаено висока, се наоѓа на врвот на списоците на повеќето жители на Мајами. 

 


Рефлектирачки базен

За смиреност и спокојство жителите на апартманите можат да изберат да го посетат рефлектирачкиот базен низ кој се распоредени неколку зеленкасти билки кои му даваат живот на просторот.

 



Ангела Иваноска

Позитивна и ведра личност, најголема љубов - музиката, а најголема страст, пеењето. Љубител на кафе, убава фотографија и добро друштво.

Следен Претходен