Како да го вратите чувството за мирис и вкус по ковид-19

Околу осумдесет проценти од луѓето кои имаат позитивен тест за КОВИД-19 велат дека го изгубиле вкусот или мирисот. Причините не се целосно јасни, но се претпоставува дека е последица на затнување или воспаление во носот.

Кај некои луѓе мирисот и вкусот се враќа во нормала како што исчезнуваат симптомите, додека пак на другите им треба малку повеќе време.

Истражувачите се' уште се обидуваат да најдат информација како вирусот влијае на вкусот и мирисот и зошто овој симптом може да трае подолго. Во зависност од причината, недостатокот на вкус и мирис може да се врати самостојно или со лекување.


За побрзо да го вратите чувството за мирис и вкус ќе ви требаат само четири етерични масла:

  • Масло од каранфилче
  • Масло од цитрус
  • Масло од еукалиптус
  • Масло од роза

Се работи за безбедни вежби кои помагаат во враќањето на меморијата за мирис. Нема никакви несакани ефекти, освен ако сте алергични на некои од овие етерични масла.


Во четири чисти, стаклени тегли со капак капнете по една капка од секое масло (во секоја тегла различно масло) и секој ден мирисајте ја секоја тегла по десет секунди. Додека мирисате, очите треба да ви бидат затвворени и треба да го визуелизирате мирисот од теглата. Со тек на време ќе почнете да ги чувствувате мирисите со послаб интензитет, додека не ви се врати мирисот во целост.

преземено од: avocado.mk

Живот и Стил

Портал за подобар, поздрав и посреќен живот💜💫

Следен Претходен