Интересни идеи: Како да ја стилизирате својата коса оваа зима?

Косата ни ја дава можноста преку нејзино стилизирање да ја изразиме нашата креативност, да експериментираме со неа. Дали е тоа нејзината должина, формата или бојата, има толку многу можности што секој од нас може да биде афтентичен и различен од другите.


Често се менуваат трендовите како за облекување, така и за различното носење на косата во одреден период од годината. Па така, оваа зима ќе ви покажеме неколку различни изданија на славните личности и тоа како тие ја стилизирале својата коса.

Ако ви е потребна мала промена, која ќе допринесе на вашиот изглед оваа зима, предлагаме тоа да биде нова фризура. Познатиот светски стилист и фризер Крис Аплтон, кој го доведува до совршенство изгледот на косата на големите светски ѕвезди како што се Џенифер Лопез, Ким Кардашијан и Дуа Липа. Во оваа прилика тој открива кои се најпривлечните зимски трендови кога е во прашање обликувањето на косата. Дали е време за curtain bangs (шишки во облик на завеса) или можеби некоја измазнета кратка фризура, откријте во редовите во продолжение.


1. Curtain bangs (шишки во облик на завеса)

фото: Pinterest

Можеби веќе приметивте дека се поголем број славни личности го менуваат изгледот на фризурите и се одлучуваат за нови шишки. Предизвикувачките curtain bangs – шишки во облик на завесa, неодамна ги одбра Џенифер Лопез, а реакцијата на луѓето ширум светот беше позитивна. Овие шишки со својот ретро ефект и даваат на фризурата изненадувачки свеж изглед, а фактот што не треба да се менуваат претерано е причина број еден за нивната популарност.

   

2. The Bombshell Look

фото: Pinterest

Големата и густо стилизирана коса се враќа на големата врата. Познатиот Bombshell Look не е резервиран само за црвениот тепих, туку и за сите дами кои сакаат гламур во секојдневниот живот. Забавна, разиграна, ведра и неограничена – фризура која зрачи со женственост.

  

3. Карамел боја

фото: Pinterest

Ако ви се допаѓа вашата сегашна фризура, но е боја која би ја промениле, Крис предлага да посегнете по карамел тоновите. Ништо не го подигнува расположение полесно и побрзо од неодоливите карамел нијанси. Ако се сомневате, погледнете фотографии од Џенифер Лопез која ја покажува својата нова фризура. 

  

4. Боб фризура

фото: Pinterest

Боб фризурата секогаш наоѓа доволно простор за себе на листите на атрактивни стилови од година во година. Ако сакате видно да ја скратите својата коса, оваа фризура е како створена за вас. Смела и разбушавена, едноставна за одржување и доволно гламурозна за незаборавна новогодишна забава. 


Се надеваме дека ви помогнавме во изборот на својата следна фризура, доколку тоа го немате веќе направено. Прилагодете ги овие трендови на вашиот стил и изгледајте неодоливо оваа зима.


Ангела Иваноска

Позитивна и ведра личност, најголема љубов - музиката, а најголема страст, пеењето. Љубител на кафе, убава фотографија и добро друштво.

Следен Претходен