Многу експерти веруваат дека омилената боја на поединците е директно поврзана со нивниот карактер. Која е вашата омилена боја?
Црвена: оваа боја е многу атрактивна. Црвената е боја на моќта и лидерството. Личноста која ја сака е лидер во животот, ја цени слободата и лесно наоѓа заеднички јазик со другите.
Портокалова: оваа топла боја го симболизира сонцето и повторното раѓање. Научниците забележале дека портокаловата боја е способна да ја стимулира менталната активност, а исто така делотворно делува на памтењето и концентрацијата. Љубителите на оваа боја се одликуваат со емоционалност, мечтаење и оптимизам.
Жолта: оваа боја носи многу позитивна енергија. Оние кои ја сакаат жолтата боја обично се ведри, самоуверени и се спремни на секаков пресврт.
Зелена: светлите зелени тонови изразуваат емоционално издигнување и радост, додека темно зелените тонови го смируваат нервниот систем. Личноста која ја сака зелената боја обично е праведна и вешто пронаоѓа компромис.
Виолетовата боја ги отсликува мудроста и зрелоста. Ја сакаат меланхолични луѓе кои живеат во сопствен свет.
Се смета дека сината боја е моќно психолошко средство. Сината боја обично ја сакаат интелигентните и одлучни луѓе кои ја ценат стабилноста. Способни се да ги решат сите конфликти благодарение на своите дипломатски вештини.
Кафеавата е една од најудобните бои. Ова првенствено е боја на конзервативците и оние кои сакаат стабилност во животот. Таа најмногу им се допаѓа на вредните и тврдоглави луѓе.
Белата е бојата на смиреноста, чистотата и ведрината. Меѓутоа, вреди да имате доза од оваа боја во вашиот живот. Прекумерното присуство на оваа боја може да доведе до психолошка одвоеност и апатија.
Црната боја има силна енергија која може да делува на потсвеста. Не е секогаш поврзана со мрачни мисли и депресија. Црната боја обично ја сакаат поединци кои сакаат се да е под контрола.
Розова: ако оваа е вашата омилена боја, тогаш вие имате силна потреба да бидете прифатени и безусловно сакани. Вие сте нежна, осетлива и великодушна личност, осетлива на туѓите потреби и желби.